9 август
датум
9 август — 221-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (222-и во престапна година). Остануваат 144 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2025
Настани
уредиНастани:
681 | По победата над Византиските војски на царот Константин IV, Аспарух го формирал канството Бугарија на јужниот брег од делтата на Дунав, со престолнина во Плиска. |
1173 | Започнала изградбата на ѕвоникот на катедралата во Пиза, кој подоцна ќе стане Кривата кула во Пиза. |
1842 | Потпишан е договорот за источниот дел од границата помеѓу САД и Канада, односно помеѓу државата Мејн од САД и провинциите Квебек и Њу Бранзвик од Канада, со што се окончани долгогодишните погранични судири. |
1930 | Бети Буп за првпат се појавува на малите екрани во цртаниот филм Чинии со вртоглавица (англ. Dizzy Dishes). |
1942 | Махатма Ганди е уапсен во Бомбај од страна на британските сили. Започнува движењето Напуштете ја Индија!. |
1945 | Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија. |
1969 | Членовите на кланот на Чарлс Менсон, во Лос Анџелес, убиваат шест луѓе, меѓу кои и бремената глумица Шерон Тејт, сопруга на полскиот режисер Роман Полански. |
1986 | Во Књуборт Парк, Стивенејџ, Велика Британија ја гледа последната жива изведба на рок групата Квин со нивниот пејач Фреди Меркјури. |
Родени:
Починале:
916 | Свети Климент Охридски — родоначалник на словенската книжевност и на црковното беседништво, прв оригинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година. |
1048 | Дамас II — римски папа. |
1919 | Руџеро Леонкавало — италијански композитор. |
1921 | Јован Атанацковиќ — српски генерал. |
1962 | Херман Хесе — германски писател, добитник на Нобеловата награда за литература. |
1995 | Џери Гарсија — американски рок-музичар, член на групата „Грејтфул дед“ (Grateful Dead). |
2008 | Махмуд Дарвиш — палестински поет. |
2019 | Фахрудин Јусуфи — југословенски фудбалер. |