Јован Атанацковиќ
Јован Атанацковиќ бил српски генерал, еден од основачите на Српскиот комитет на четничката акција и воен министер [1].
Јован Атанацковиќ | ||
Роден | 24 март 1848 Неготин, Србија | |
---|---|---|
Починал | 9 август 1921 Белград Кралството СХС |
Животопис
уредиТој е роден во Неготин, на тромеѓето меѓу Србија, Бугарија и Романија. Во родното место го завршил основното училиште, а во 1865 година се запишал при Воената академија во Белград. По завршувањето на академијата минал низ бројни гарнизони низ Србија постојано напредувајќи во кариерата, а во 1879 година станал кралски офицер ордонанас. Во 1900 година станал воен министер.
Го прифатил повикот на Милорад Гоќевац и учествувал во формирањето на Српскиот комитет на четничката акција и во него извршувал највисоки функции. Тој најверојатно бил врската меѓу српската влада и Комитетот.
Ја преживеал Првата светска војна и остварувањето на неговата замисла, припојување на Вардарска Македонија кон Србија, односно кон Кралство на Србите, Хрватите и Словенците.