Ваит Насуфи
Ваит Насуфи — поет и писател за деца од албанската националност во Македонија.[1]
Животопис
уредиНасуфи е роден на 9 август 1945 година во с. Велешта, Струшко. Завршил Виша педагошка школа. Вработен е како наставник во основното училиште „Зими Хани“ во Велешта. Член на ДПМ од 1983 година. Автор е на книгите: Брановите на Дрим (1980), Другар ми е славејот (1984), Времето на светулките (1986), Бабата ги брои ѕвездите (1994), Кој сонува најубаво (1996), Љимат солза (1997), Тежината на каменот (1997).
Наводи
уредиОваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 175.