Палат

село во околината на Благоевград, (Пиринска Македонија) Бугарија

Палат (бугарски: Палат) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Палат
Палат is located in Бугарија
Палат
Палат
Местоположба во областа
Палат во рамките на Пиринска Македонија
Палат
Координати: 41°36′N 23°12′E / 41.600°N 23.200°E / 41.600; 23.200
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСтрумјани
Површина
 • Вкупна420 км2 (160 ми2)
Надм. вис.&10000000000000420000000420 м
Население (2024)
 • Вкупно27 [1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2829

Историја

уреди

Рана историја

уреди

Според народната етимологија, името на селото доаѓа од честото палење на селото од страна на Турците. Според хеленистите, името е доцна (по 10 век) заемка од грчки што значи „колиби“.

Недостасуваат информации за постоењето и историската судбина на населбата во постарите времиња. Исто така, нема податоци за времето на нејзиното појавување.

Името на селото Палат се споменува во врска со пронајдените плочи на тракискиот бог-коњаник и на божицата Артемида пронајдени во близина.[3] Во околината на селото за време на земјоделските работи биле пронајдени маски од сатири и маенади, користени за време на дионисовите прослави кои датираат од 2 век.[4]

Судејќи според фактот дека најстарите градби се не порано од средината на 19 век, речиси сигурно може да се каже дека населбата постоела како формално село од околу втората третина на 18 век. Но, се смета дека неговото име е многу постаро, што укажува на тоа дека на ова место веројатно постоела друга населба, попримитивна по природа.

Отоманско Царство

уреди

Во текот на XIX век, селото било населено христијани и првично припаѓало на Мелничката каза, а по 1878 година на Петричката каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Палат (Palate) имало 84 домаќинства со 240 жители Македонци.[5] [6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 700 жители, сите Македонци.[5][7]Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 978 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 13 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[9]

Бугарија

уреди
 
Внатрешност на црквата „Свети Димитар“
 
Дончо војвода

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Во периодот помеѓу 1920 - 1926 година, дел од жителите на селото Палат се населиле по долината на реката Струма и ја формирале малата Драката (денес село Драката), а во 1995 година Драката од с. Палат е прогласено за засебна населба со статус на село, со единствена поштенска шифра со селото.

Во селото Палат се наоѓа православниот храм „Свети Димитар“, изграден во 1857 година. Порано луѓето се собирале секоја недела или на секој црковен празник на селскиот плоштад, кој се наоѓа пред црквата, а секое семејство застанувало на одредено место и ги делело своите колачи и пити за здравје и благосостојба. Палат бил поделен на неколку села лоцирани околу денешното село. За време на социјализмот во селото Палат се произведувало многу тутун.

Луѓето живееле преку земјоделство или од рудникот Славјанка, кој се наоѓа во близина на селото. Во селото имало училиште до седмо одделение. Таму учеле и ученици од соседното село В’лково. По затворањето на рудникот започнал процес на миграција во соседните села.

По 1913 година селото било општински центар во Петричката околија сè додека општината не била преместена во Микрево.

Главното обележје на селото е црквата „Свети Димитар“, прогласена за архитектонско-уметнички споменик на културата. Жителите на селото се православни христијани. Секоја година на празникот Свети Панталеон на 26 јули се одржува собор. Секоја година Спасовден се слави во областа Палатски врв.

Во 2017 година во Палат живееле само 25 жители, од кои најмладиот имал 23 години, а најстариот на 88 години. Селото има Фејсбук страница напишана на кирилица „Село Палат Струмјани Бугарија“.

Селото Палат е електрифицирано, водоводно, осветлено, има покриеност на трите мобилни оператори, има интернет, како и кабловска телевизија Вега-Сандански. Во селото има општа продавница на ПК - Ограждан. Секој ден освен вторник и четврток до селото поминуваат по два автобуси, кои тргнуваат од автобуската станица Сандански наутро во 06:30 и попладне од 15:30 часот, а назад кон Сандански во 08:20 и 17:20 часот.

Географија и местоположба

уреди

Селото Палат се наоѓа во планински регион, во историско-географскиот регион Каршијак. Селото се наоѓа на 11 километри западно од градот Сандански и 9 километри југозападно од општинскиот центар Струмјани на источните падини на Малешевските Планини. Климата е преодна медитеранска со летен минимум и зимски максимум на врнежи. Просечните годишни врнежи се околу 550 милиметри. Во атарот на селото до неодамна се ископувало флуорит. Атарот на селото е богато со подземни водни ресурси. На југ селото Палат се граничи со селото Крстилци, на север со селото Цапарево, на запад со селата Вељуштец и Игралиште, а на исток со селата В’лково, Драката и Микрево. Селото се наоѓа во близина на границата со Македонија.

Население[5][10]

уреди
Население на Палат по попис[10]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Жители 473 597 681 497 242 153 116 78 46
Население по возраст
од 2011 година
[11]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[12]

Број на население
Вкупно 46
Бугари 44
Турци 2
Роми -
Останати -
Не се определиле -
Без одговор 2

Личности

уреди
Родени

Наводи

уреди
  1. www.grao.bg
  2. Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
  3. Дечев, Димитър. „Антични паметници“. В: Годишник на Народния музей, VII, София, 1942, с.54 – 60; Дечев, Димитър. „Култът на Артемида в областта на средна Струма“. В: Известия на Археологическия музей, ХIХ, София, 1955, с.95 – 109.
  4. dariknews.bg
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
  9. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 869
  10. 10,0 10,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Палат, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  11. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  12. Попис на населението од 2011 година
  13. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 45.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 22. ISBN 954-9800-52-0.