В’лково
В’лково — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
В’лково Вълково | |
---|---|
Координати: 41°35′N 23°13′E / 41.583° СГШ; 23.217° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 3.844 км2 (1,484 ми2) |
Надм. вис. | 85 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 396 |
• Густина | 0,10/км2 (0,27/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2807 |
Повик. бр. | 074324 |
Географија и местоположба
уредиСелото В’лково се наоѓа на 8 километри западно од Свети Врач, во подножјето на Малешевска планина. Селото се наоѓа на надморска висина од 85 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 3.844 км2.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиВо текот на 19 век, селото било село населено со турско население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вексeн (Vëksen) е село со 16 семејства и 39 Турци[1]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 190 Турци 40 Македонци[2][3].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија, а муслиманското население ги напуштило своите домови. Селото било населено во 1921 година од страна на бегалци и раселени лица од Егејска Македонија и од другите делови на земјата.
Наводи
уреди- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 144 – 145..
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.