Олимписка фудбалска репрезентација на Франција
Олимписката фудбалска репрезентација на Франција, уште позната како Фудбалска репрезентација на Франција под 23 години ја претставува Франција во фудбал на Олимписките игри.
Сојуз | Фудбалски федерација на Франција | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Тјери Анри | ||
Капитен | Александар Лаказет | ||
ФИФА код | FRA | ||
| |||
Прв меѓународен натпревар | |||
Полска 2–1 Франција (Лахти, Финска; 15 јули 1952) | |||
Најголема победа | |||
Франција 7–0 Доминиканска Р. (Тулон, Франција; 11 јули 2024) | |||
Најлош пораз | |||
Унгарија 7–0 Франција (Рим, Италија; 1 септември 1960) | |||
Летни олимписки игри | |||
Учества | 13 | ||
Најдобар резултат | Златен медал (1984) |
Активна е од 1900 година, а првпат се натпреварувала на Летните олимписки игри 1900 во Париз. Фудбалот на олимписките игри првично бил аматерски спорт, а бидејќи и репрезентацијата на Франција пред Втората светска војна била исто така аматерска, имала право да испрати тим на игрите. Правилата за аматеризмот биле ублажени во 1980-тите, што и овозможило на Франција одреден успех, особено со освојувањето на нивниот досега единствен златен медал во 1984 година.
Од 1992 турнирот е натпреварување на кое учествуваат репрезентации составени од играчи до 23 години, што ги прави олимписките квалификации на Франција зависни од резултатите на репрезентацијата под 21 година. Така, французите останале долго без учество на една Олимпијада, а чекањето било прекинато во 2020, кога тие се вратиле на олимписката сцена по 24-годишно отсуство.
Историја
уредиФранцускиот олимписки тим го направил своето деби на Игри во Лондон во 1908 година, заземајќи го местото на нивниот претходник Клуб Франсе, кој освоил сребро на Олимпијадата во Париз 1900. За волја на вистината, на Олимписките игри во 1908 година учествувале со две екипи: покрај олимписката, била пријавена и националната репрезентација. И двете биле поразени и елиминирани од Данска.
За време на 1948 Франција ја победила Индија со 2-1, но била елиминирана потоа во четвртфиналето од Велика Британија со 1-0. На Олимпијадата 1952 година во Хелсинки тие биле елиминирани после нивниот прв натпревар, откако загубиле со 2-1 од Полска, иако први постигнале гол. На Игри во Рим тие се соочиле со Перу (победа со 2-1), Индија (1-1) и Унгарија во нивната група. Последните го заземале првото место во групата, кое водело во полуфиналето, со еден бод предност во однос на Франција, која морала да победи за да го продолжи своето учество на натпреварувањето. Наместо тоа, натпреварот завршил со најкатастрофалниот пораз за Франција во историјата на нивната олимписка репрезентација, откако Унгарија победила со 7-0.
На Игрите во Мексико Сити тие биле на врвот на својата група како првопласирани, победувајќи ги Гвинеја со 3-1 и Мексико со 4-1. Единствениот пораз бил од Колумбија со 2-1. Откако стигнале до четвртфиналето, Франција била елиминирана после поразот со 3-1 од Јапонија. На Игрите во 1976 ја минале својата група без пораз, ремизирајќи 1-1 против Израел и победувајќи ги Мексико и Гватемала со 4-1. Патувањето завршило со пораз од 4-0 во четвртфиналето од Источна Германија.
Во 1984 година на Игрите во Лос Анџелес тие биле повторно на врвот во групата ремизирајќи 2-2 против Катар и 1-1 против Чиле и победувајќи со 2-1 против Норвешка. Во четвртфиналето го победиле Египет со 2-0, а потоа по продолженија биле подобри од Југославија со 4-2. Конечно, Франција за првпат го освоила олимпиското злато победувајќи го Бразил со 2-0 во финалето.
На Олимпијадата во Атланта 1996 веќе стапило на сила новото правило за играчи во националните тимови, кое дозволувало максимум тројца играчи над 23 години. За време на тие Олимписки игри, Франција не ја искористила оваа можност: во групата ремизирала 1-1 против Шпанија, ја победила Саудиска Арабија со 2-1 и Австралија со 2-0. Откако ја минале првата фаза, тие се соочиле со Португалија во четвртфиналето, ремизирајќи 1-1 во регуларното време, но биле елиминирани по продолженија по златниот гол од Жозе Каладо пред крајот на првото продолжение.
По дваесет и пет години отсуство од Олимпијадата, француската репрезентација повторно учествувала на турнирот во 2021 година на Игрите во Токио: исклучително максималната возраст на играчите била зголемена на 24 години, како резултат на одложувањето на Олимпијадата за една година поради пандемијата на КОВИД-19. Франција се одлучила за главно експериментална формација, која на крајот се покажала дека не е дорасната за конкуренцијата. Се разговарало за отсуството на Килијан Мбапе, откако тој станал светски шампион три години порано на Светското првенство во Русија 2018 и спаѓал во возрасната група до 24 години: и покрај желбата на играчот да учествува, неговиот матичен клуб во тоа време, Париз Сен Жермен му ја ускратил можноста.[1] Како француски играчи надвор од пропишаната возраст кој учествувале на овој турнир биле Андре-Пјер Жињак и Тежи Савание. И двајцата успеале да постигнат голови: Жињак постигнал гол во поразот од 4-1 против Мексико и хет-трик против Јужна Африка. Во истиот натпревар Савание го постигнал својот погодок за конечните 4-3 за Франција, која сепак била елиминирана по поразот од Јапонија со 4-0.
Учества и резултати на Олимписките игри
уредиЛетни олимписки игри | Квалификации | ||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Рунда | Место | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | Состав | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ||
1900 | Вицешампион | 2-ро | 2 | 1 | 0 | 1 | 6 | 6 | Состав | Се квалификувале како домаќини | — | ||||||
1904 | Не учествувале | Не учествувале | — | ||||||||||||||
1908 | Полуфинале | 5-то | 2 | 0 | 0 | 2 | 1 | 26 | Состав | Поканети | — | ||||||
1912 | Се повлекле | Поканети | — | ||||||||||||||
1920 | Полуфинале | 4-то | 2 | 1 | 0 | 1 | 4 | 5 | Состав | Поканети | — | ||||||
1924 | Четвртфинале | 5-то | 2 | 1 | 0 | 1 | 8 | 5 | Состав | Се квалификувале како домаќини | — | ||||||
1928 | Прва фаза | 9-то | 1 | 0 | 0 | 1 | 3 | 4 | Состав | Поканети | — | ||||||
1936 | Не учествувале | Не учествувале | — | ||||||||||||||
1948 | Четвртфинале | 5-то | 2 | 1 | 0 | 1 | 2 | 2 | Состав | Поканети | — | ||||||
1952 | Прелиминарна фаза | 17-то | 1 | 0 | 0 | 1 | 1 | 2 | Состав | Поканети | — | ||||||
1956 | Не учествувале | Не учествувале | — | ||||||||||||||
1960 | Прва фаза | 5-то | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 9 | Состав | 4 | 3 | 0 | 1 | 7 | 6 | 1960 | |
1964 | Не се квалификувале | 2 | 0 | 0 | 2 | 2 | 8 | 1964 | |||||||||
1968 | Четвртфинале | 5-то | 4 | 2 | 0 | 2 | 9 | 7 | Состав | 4 | 2 | 2 | 0 | 8 | 2 | 1968 | |
1972 | Не се квалификувале | 6 | 3 | 1 | 2 | 11 | 9 | 1972 | |||||||||
1976 | Четвртфинале | 5-то | 4 | 2 | 1 | 1 | 9 | 7 | Состав | 4 | 3 | 0 | 1 | 11 | 5 | 1976 | |
1980 | Не се квалификувале | Не се квалификувале | 1980 | ||||||||||||||
1984 | Златен медал | 1-во | 6 | 4 | 2 | 0 | 13 | 6 | Состав | 6 | 4 | 2 | 0 | 9 | 3 | 1984 | |
1988 | Не се квалификувале | 8 | 1 | 3 | 4 | 9 | 16 | 1988 | |||||||||
1992 | Европско првенство за играчи под 21 година | 1992 | |||||||||||||||
1996 | Четвртфинале | 5-то | 4 | 2 | 1 | 1 | 6 | 4 | Squad | 1996 | |||||||
2000 | Не се квалификувале | 2000 | |||||||||||||||
2004 | 2004 | ||||||||||||||||
2008 | 2008 | ||||||||||||||||
2012 | 2012 | ||||||||||||||||
2016 | 2016 | ||||||||||||||||
2020 | Групна фаза | 13-то | 3 | 1 | 0 | 2 | 5 | 11 | Состав | 2020 | |||||||
2024 | TBD | TBD | 3 | 3 | 0 | 0 | 7 | 0 | Состав | Се квалификувале како домаќини | 2024 | ||||||
2028 | to be determined | to be determined | |||||||||||||||
Вкупно | 2 медали | 13/27 | 36 | 16 | 5* | 15 | 61 | 94 | — | 34 | 16 | 8 | 10 | 57 | 49 | Вкупно |