6 мај
датум
Предлошка:Мај 2025 6 мај — 126-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (127-и во престапна година). Остануваат 239 денови до крајот на годината.
Настани:
1682 | Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај. |
1889 | Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри. |
1937 | Цепелинот „Хинденбург“ се запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њујорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство. |
1991 | Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти. |
1994 | Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК. |
1994 | Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ламнанш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција. |
2007 | Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција. |
Родени:
Починале:
1910 | Едвард VII — британски крал. |
1945 | Џемаил Хасани — водач на „Бали Комбетар“ за Западна Македонија. |
1949 | Морис Метерлинк — белгиски писател. |
1959 | Рагнар Нурске — естонски економист. |
1991 | Сашо Гешовски — првата жртва од Македонија во воените конфликти во СФР Југославија. |
1992 | Марлен Дитрих — американска филмска глумица од германско потекло. |
1993 | Велко Силјаноски — редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. |
2004 | Барни Кесел — американски џез-музича |
2007 | Стеван Раичковиќ — српски поет. |
2015 | Ерол Браун — американски соул и фанк пејач, член на групата „Хот чоколит“ (Hot Chocolate). |
Празници:
* | Ѓурѓовден — денот кога во 303 г. според традицијата е погубен Светиот великомаченик Георгиј. |
* | Ерделез — традиционален празник на Ромите. |