17 декември
датум
Предлошка:Декември 2025 17 декември — 351-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (352-и во престапна година). Остануваат 14 денови до крајот на годината.
Настани:
1538 | Папата Павле III го екскомуницирал Хенри VIII од католичката црква. За возврат, Хенри ја укинал неговата јурисдикција и го иницирал осамостојувањето на Црквата на Англија. |
1577 | По налог на кралицата Елизабета I, Франсис Дрејк отпловил од Плимут, Англија, на тајна мисија да го истражи тихоокеанскиот брег на Америка. |
1903 | Во Северна Каролина, во САД, браќата Рајт го извршиле првиот лет со машина потешка од воздухот. |
1970 | Работничките протести во Полска против покачувањето на цените на храната биле крваво задушени со пукање во протестантите од војската и полицијата, при што загинале околу 40 луѓе, а стотици биле ранети. |
1991 | Турција, ги призна сите советски републики, кои прогласија независност. |
1993 | Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија. |
1989 | Емитувана е првата епизода на „Симпсонови“. |
2005 | Република Македонија доби статус на кандидат за членка на Европската Унија. |
2004 | Избрана владата на Република Македонија, предводена од Владо Бучковски. |
Родени:
Починале:
1187 | Григориј VIII — римски папа. |
1273 | Џалалудин Руми — персиски исламски поет — правник и теолог. |
1830 | Симон Боливар — јужноамерикански борец за независност. |
1897 | Алфонс Доде — француски писател. |
1881 | Луис Хенри Морган — американски етнолог и социолог. |
1907 | Вилијам Томсон Келвин — англиски физичар. |
1919 | Пјер Огист Реноар — француски сликар. |
1933 | Тубтен Ѓацо — тринаесеттиот далај-лама. |
1987 | Ѓорѓи Гаврилски — прв примариус и прв специјалист по општа медицина во Македонија. |
1987 | Маргарет Јурсенар — француска писателка, романописец — есеист — драматург. |
2011 | Сезарија Евора — јужноафриканска пејачка. |
2015 | Слободан Чашуле — македонски новинар и политичар. |
Празници:
* | Бутан — Ден на нацијата. |