Влахи
Влахи (бугарски: Влахи) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]
Влахи | |
---|---|
Поглед кон селото | |
Координати: 41°45′N 23°13′E / 41.750° СГШ; 23.217° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Кресна |
Површина | |
• Вкупна | 12,537 км2 (4,841 ми2) |
Надм. вис. | 771 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 10 [1]. |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2841 |
Географија и местоположба
уредиСелото Влахи се наоѓа во југозападниот дел на Пирин Планина, оддалечен 9 километри од општинскиот центар Кресна и околу 160 километри од главниот град Софија. Најниската надморска височина во атарот на Влахи е во областа Градешка Бања - 250 m, кај Влахи веќе е околу 600 m, а во нејзините највисоки делови достигнува над 2000 m. На север се граничи со село Оштава, на исток се искачува до планината Пирин, на југ се граничи со атарот на селата Плоски и Горна Градешница, а на запад стигнува до границата на Долна Градешница, Кресна и Ново Село.
Во минатото Влахи било составено од централен дел и маалата - Драколово, Полена, Југовци, В'чковци, Ѓурѓевица, Шемето, Дебел Д'б, Патриловци, Аркалејтовци, Манчовци, Куртовци, Куртишовци и Клетиште.[3]
Покрај селото тече Влахина Река, којашто претставува лева притока на реката Струма. Топографијата е разновидна - ова подрачје се наметнало како сливно подрачје на Влахинска Река, која од север се граничи со планината Албутин и сртот Страшана скала. Во атарот на селото се наоѓа прекрасниот Влахински водопад, кој е полн со вода речиси цела година.[4]
Регионот спаѓа во подрегион на преодно-медитеранскиот климатски регион. Просечната годишна температура е 14 °C (0 – 2 °C во јануари и 24 °C во јули).
Шуми - даб, зимски даб, обичен габер, бел и црн бор, бука, јавор и др.
Животинскиот свет е разновиден - диви свињи, срна, мечки, лисици, волци, цицки итн. Тука се и некои од ретките и заштитени видови змии кои се наведени во Црвената книга на Бугарија - мачка змија, боа констриктор, песочна боа и змија леопард.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиВо Влахи се наоѓа најстарата црква во Кресненско, црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, изградена во 1757 година.[5]
Во текот на XIX век, селото било во составот на Мелничката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство. Во 1844 година била изградена црквата „Свети Илија“. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Влаки (Vlaki) имало 168 домаќинства со 560 Македонци.[6] [7]
За време на Македонското востание Влахи е прибежиште на востаниците. По востанието селото е опустошено и од 300 куќи преживуваат само 80 заедно со црквата и училиштето.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 1.850 жители, сите Македонци.[6][8][9]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 720 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[10]
Селото Влахи е родно место на македонскиот револуционер Јане Сандански. Во 1901 година Јане Сандански ја киднапирал протестантската мисионерка Мис Елен Стон и одреден период ја држел како заложник во селото.
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 49 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[11]
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население
уредиВлахи во минатото било голема населба и во 1934 година броело 1.642 житела, а денес е на пат целосно да се расели. Според пописот од 2011 година, во селото живееле само 5 жители, запишани како Бугари.[12]
На табелата е прикажан бројот на населението во Влахи за периодот 1934-2011:[12]
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
жители | 1.642 | 1.307 | 1.132 | 624 | 167 | 72 | 36 | 17 | 5 |
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[14]
Број на население | |
Вкупно | 5 |
Бугари | 5 |
Турци | - |
Роми | - |
Останати | - |
Не се определиле | - |
Без одговор | - |
Личности
уреди- Јане Сандански (18 мај 1872 - 10 април 1915) — македонски национален херој, војвода и водач на Македонската револуционерна организација
- Герасим Тодоров (27 ноември 1910 - 30 март 1948) — македонски револиуционерен деец, член на ВМРО.
- Ангел Михаилов, македонски револуционер од ВМОРО[15]
- Атанас Стојанов, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна[16]
- Богоја Ташев, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна[16]
- Григор Хаџиилиев (1872 – 1945), општественик и револуционер
- Предлошка:Флагче Димитар Јосифов (1875 – 1936), македонски револуционер
- Иван Сандански (1831 – 1907), татко на Јане Сандански, четник во четата на дедо Иљо Малешевски
- Кољо Ризов, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна[17]
- Костадин Јанакиев, свештеник во Влахи[18]
- Мара Меѓуречка (1902 – 1988), македонска комунистка[19]
- Никола Ризов, македонски револуционер
- Стојан Ангелов, македонски деец, борец за црковна независност
- Тома Ракалејски, деец на ВМОРО
- Тодор Харизанов, свештеник
- Спас Харизанов (1842 – около 1900), просветен деец
- Стојко Харизанов, општественикј
- Стоил Просјаков (1846 – 1943), македонски револуционер, деец на ВМОРО
- Стојан (Танчо) Андреев, член на Македонско-одринските доброволни чети[20]
- Тодор Зисов, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна[21]
Наводи
уреди- ↑ www.grao.bg
- ↑ Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
- ↑ Сандански, Борис. Кратка енциклопедия Кресненски край, Сандански, 2003, стр. 90.
- ↑ Водопади в България – Влахински водопад, с. Влахи, Кресна
- ↑ Село Влахи – двама постоянни жители и две църкви. // Днес.бг, 23 март 2014 г. Посетен на 16 јули 2019 г.
- ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 189. ISBN 954430424X.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 192-193.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 835
- ↑ 12,0 12,1 „Справка за населението на с. Влахи, общ. Кресна, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2022-06-15. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Попис на населението од 2011 година
- ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.38
- ↑ 16,0 16,1 Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 46.
- ↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 45.
- ↑ Сандански, Борис. Кратка енциклопедия Кресненски край, Сандански, 2003, стр. 283.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 271. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2 септември 2015.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 43. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 50.