Градешница (река)
Градешница — река во Петричко, Пиринска Македонија, лева притока на Струмица. Долга е околу 13,5 км. Ги одводнува јужните делови на планината Огражден.
Градешница | |
---|---|
Поглед од реката Градешница | |
Местоположба | |
Место | Петричко, Пиринска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Билска Чука, Огражден |
• координати | 41°30′26″N 23°00′40″E / 41.5071° СГШ; 23.0110° ИГД |
• надм. вис. | 1.550 м |
Устие | |
• место | р. Струмица кај с. Струмешница, Општина Петрич |
• координати | 41°23′34″N 23°03′15″E / 41.3928° СГШ; 23.0542° ИГД |
• надм. вис. | 170 м |
Должина | 13,5 км |
Големина на сливот | 62 км2 |
Проток | |
• просечен | 0,375 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Струмица → Струма → Егејско Море |
Реката извира од источното подножје на врвот Билска Чука на Огражден, близу границата со Р Македонија, на надморска височина од 1.550 м. Почнува под името Билски Дол, а завршува влевајќи се во Струмица кај петричкото село Струмешница, каде образува наносен конус.
Најголемата (лева) притока на Градешница е Баскалска (Ливадска) Река, која извира од месноста Хаџиица западно од Муратов Врв. Други притоки се Доленска Река (лева) и Чуриловска Река (десна). Сливот зафаќа површина од 62 км2, а средната надморска височина му изнесува 670 м. Реката претежно се напојува од дождови; најполноводна е во зима и напролет, а најслабоводна во лето и наесен. Средниот годишен истек во устието изнесува 0,375 м3/с. Речната долина е длабоко врежана во метаморфни карпи — претежно со гнајсеви и амфиболити. Падините се стрмни, наместа обраснати со бука и даб, а на други места делумно покриени со бор. Обесшумените падини над реката се подложени на силна ерозија.
Во сливот на Градешница се наоѓаат селата Робово (Волно), Баскалци, Кукурахцево, Чурилово, Зојчене, Гега, Горчево, Долени, Масли Чифлик (Кладенци) и Струмешница.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 235. ISBN 954-90006-103 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help).