18 мај
датум
Предлошка:Мај 2025 18 мај — 138-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (139-и во престапна година). Остануваат 227 денови до крајот на годината.
Настани:
1925 | Извршен е масакр во пиринското село Дабница врз месното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. |
1954 | Стапи во сила Европската конвенција за човекови права. |
1974 | Индија изврши прва јадрена проба во пустината во Раџастан, со што стана шеста држава која изврши јадрен тест. |
1977 | Во Москва за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е прогласен за Меѓународен ден на музеите. |
1980 | Стотици илјади луѓе ја презедоа контролата над јужнокорејскиот град Квангџу, по немирите во кои единиците на воената хунта убија најмалку двесте продемократски демонстранти. |
Родени:
Починале:
526 | Јован I — римски папа. |
1799 | Пјер Огистен Карон де Бомарше — француски писател. |
1800 | Александар Суворов — руски кнез и генералисимус. |
1908 | Карл Колдевеј — германски поларен истражувач. |
1980 | Ијан Кертис — англиски рок-музичар, член на групата Џој дивижн (Joy Division). |
2000 | Домингос да Гуја — бразилски фудбалер. |
2004 | Елвин Џонс — американски џез-музичар. |
2014 | Добрица Ќосиќ — српски писател, академик и политичар. |
2017 | Крис Корнел — американски рок-музичар, член на групата Саундгарден (Soundgarden). |
2020 | Марко Елснер — словенечки и југословенски фудбалер. |
2023 | Хелмут Бергер — австриски глумец. |
Празници:
* | Меѓународен ден на музеите |