Википедија:Избрана слика/2016/декември
- 2007
- 2008: XI • XII
- 2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2011: I • II
- 2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2025: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
- Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
- Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
- Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
- Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
- сликата која добила најмногу гласови {{за}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.
- Избраната слика се поставува на главната страница.
Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец декември 2016 година.
1 декември 2016 | 2 декември 2016 |
Рајнската кула во Диселдорф, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. |
Декемвриска бура во Талинскиот Залив кај Меривелја, Естонија. |
3 декември 2016 | 4 декември 2016 |
Внатрешност на Главната железничка станица во Келн, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. |
Свод на капелата „Св. Варвара“ во катедралата „Св. Стефан“, Виена. |
5 декември 2016 | 6 декември 2016 |
Неовизантиска купола на Капелата на Кристијан IX во катедралната црква во Роскилде, Данска. |
Карпестата образба „Амфитеатар“ во Месечевата Долина на пустината Атакама, Чиле |
7 декември 2016 | 8 декември 2016 |
Поглед на плажата Рејнисфјара и базалтната образба Рејнисдрангар од полуостровот Дирхолеј, Исланд. |
„Монтичело“ — главната робовладетелска плантажа на третиот американски претседател, Томас Џеферсон. Куќата е негово сопствено дело и се наоѓа кај Шарлотсвил, Вирџинија. |
9 декември 2016 | 10 декември 2016 |
Место на сообраќајка крај патот за Сан Педро де Атакама, Чиле. Автомобилот е зачуван, и до него е направено спомен-обележје за настраданите. |
Долгоплет пајак (Hersilia sp.) како фаќа црцорец. |
11 декември 2016 | 12 декември 2016 |
Поглед на реката Скејдарау од висорамнината Скафтафелсхејди во националниот парк Ватнајекидл, Исланд. |
Поглед во државниот рудник Чукикамата кај Калама, северно Чиле — најголем површински коп на бакар во светот. |
13 декември 2016 | 14 декември 2016 |
Палатата на правдата во Минхен — здание во необарокен стил, во кое се сместени Министерството а правда на Баварија и Окружниот суд I на Минхен. |
Школка на морскиот полжав Bufonaria perelegans (должина: 83 мм). |
15 декември 2016 | 16 декември 2016 |
Кафеавоглав галеб (Chroicocephalus brunnicephalus) пристаништето во Мумбај, Индија. |
Воричкиот замок од мостот на реката Ејвон во Ворикшир, Англија. |
17 декември 2016 | 18 декември 2016 |
Џуџесто колибри (Mellisuga minima) на подрачјето на Сините Планини, Јамајка. |
Станицата „Дилферштрасе“ на Минхенското метро. |
19 декември 2016 | 20 декември 2016 |
Ларва на мртовечка глава (Acherontia spp.) |
Лагуна Онда — солено езеро на надморска височина од 4.114 м во департманот Потоси, југозападна Боливија, недалеку од границата со Чиле. |
21 декември 2016 | 22 декември 2016 |
Дворецот Нимфенбург во Минхен — летен дом на владетелите на Баварија од династијата Вителсбаховци. |
Зебашката Долина и планината Анкогел (3.252 м) во националниот парк Високи Таури кај Малниц, Корушка, Австрија. |
23 декември 2016 | 24 декември 2016 |
Рајхстагот во Берлин со новогодишна елка навечер. |
Внатрешност на Капелата на Фордере Нидере во планините кај Анделсбух, Предарлска, Австрија. |
25 декември 2016 | 26 декември 2016 |
Иконата Богородица Шестопрста во црквата во Марија Лах на Јауерлинг, Долна Австрија. Непознат мајстор, втора половина на XV век. |
Зимски предел на венецот Кузнецки Алатау, јужен Сибир. |
27 декември 2016 | 28 декември 2016 |
Романската капела „Св. Јован“ во Пирг, Штаерска, Австрија. Живописот е од XII, а распетието од XI век. |
Јакарски кајман (Caiman yacare) во мочуриштето Пантанал, Бразил. |
29 декември 2016 | 30 декември 2016 |
Светилникот „Мемертски оган“ (Memmertfeuer) на островот Јист, Долна Саксонија (област Источна Фризија), Германија. |
Тавански живопис во Зонтагбершката базилика, Долна Австрија. Насликал: Даниел Гран (1738–43). |
31 декември 2016 | |
Одбележувањето на Новата година подразбира свечени глетки, како овој четвртојулски огномет во Вашингтон, САД. |
Функција
уреди- Избрана слика на главната страница за месец декември 2016 година.
- thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
- title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
- caption=no — не прикажувај опис
- float=left/right — за позиционирање на слика лево или десно (по основно = left)
- day — датум за кој се бара сликата на денот