Долна Австрија
Долна Австрија (германски: Niederösterreich) — една од деветте сојузни покраини во Австрија, која се наоѓа во нејзиниот североисточен дел. Зафаќа површина од 19.177 квадратни километри и тука живеат околу 1.612.000 жители. Главен град е Санкт Пелтен.
Долна Австрија Niederösterreich | |||
---|---|---|---|
Покраина | |||
Држава | Австрија | ||
Главен град | Санкт Пелтен | ||
Управа | |||
• Гувернер | Ервин Прел | ||
Површина | |||
• Вкупна | 19.186 км2 (7,408 ми2) | ||
Население | |||
• Вкупно | 1.612.000 | ||
• Густина | 84/км2 (220/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
ISO 3166 | AT-3 | ||
Мреж. место | noe.gv.at |
Положба
уредиДолна Австрија го зазема североисточниот дел на Австрија. Се граничи со:
Географија
уредиСо површина од 19.177 квадратни километри, Долна Австрија е најголема покраина во Австрија. Според релјефот, северниот и источниот дел се во склоп на Виенската Котлина, а на југ и запад се протегаат Алпите. Климата е претежно континентална, само во повисоките делови е планинска. Водите ги застапуваат многу реки, од кои најпозната е Дунав која течи во средишниот дел и негова најпозната притока е реката Морава.
Население
уредиСо над 1,6 милиони жители и густина на населеност од 86 жители/км2 Долна Австрија е втора по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но во последните години има и многу доселеници од сите поранешни југословенски републики и од Турција.