Нада Ачкоска
Нада П. Ачкоска (4 јануари 1913 во Прилеп — ) — учесник во НОВ на Македонија и дел од редакцијaта на списанието Македонка.[1][2]
Животопис
уредиВо периодот меѓу двете светски војни му припаѓала на напредното студентско движење на белградскиот универзитет. Во 1942 година се преселила во Битола и станала член на воспитна група. По директива на МК КПМ образувала група и раководела со неа, собирала народна помош, обезбедувала станови за илеrалци, била задолжена со курирска работа.[1]
Својот стан гo ставила на располаrање на Организацијата и во него се криеле илегалци. Кон крајот на 1944 година по директива на ОК КПЈ стапила во НОВ, во Седмата македонска бригада, во чии редови останала до октомври истата rодина. Потоа била префрлена во селото Горно Врановци, велешко и доделена на Главниот штаб на НОВ и ПОМ како член на Иницијативниот одбор на АФЖ и член на редакцијата на списанието „Македонка“ на која работа останува до завршувањето на војната. Летото 1944 година била задолжена да ги обиколи селата во Битолската околија и да формира народно-ослободителни одбори и АФЖ.[1]
Член на редакцијата на списанието „Македонка“
уредиМеѓу редовните авторки и автори во списанието „Македонка“ се среќаваат: Нада Ачкоска, Ленче Арсова, Деса Миљовска, Вера Николова, Васка Дуганова, Кефсер Шукри, Киро Хаџи Василев и Лилјана Чаловска.[2]
Позначајни нејзини статии во списанието се:[3][4]
- „Новата училишна година во слободна Македонија“, год. 1, бр. 1 (ноември 1944), стр. 21.
- „Сè за фронтот – сè за победата“, год.1, бр.2 (декември 1944), стр. 2
- „За помокј на селските библиотеки“, год. 3, бр. 17- 18 (март-април 1946), стр. 8.
- „За премахнуење на неписменоста кај жените“, год. 2, бр. 5-6 (март-април 1945), стр. 14.
- „Првата училишна година во слободна Македонија сврши“, год. 2, бр. 8-9 (јуни-јули 1945), стр. 17-18.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 986.
- ↑ 2,0 2,1 Леитнер-Стојанов, Дарко (2022). Архиви на невидливите - Писменоста и просветата во списанието „Македонка“ (1944-1952): Меѓу родова еманципација и политичка мобилизација (PDF). Скопје: ЦИНИК. стр. 154–156.
- ↑ Архиви на невидливите - Прилози (PDF). Скопје: ЦИНИК. 2022. стр. 308.
- ↑ Мијаковска, Д-р Марина (2020). „ОДГЛАСОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА ВО РЕТКАТА ПЕРИОДИКА“ (PDF). Библиотекарство. 36 (1–2): 90–95.