Македонка (списание)
Списанието „Македонка“ е орган на Антифашискиот фронт на жените од Македониjа, прво македонско списание за жени во слободна Македонија.[1]
Историја
уредиПрвиот број на списанието излегол во ноември 1944 г., а бил испечатен во с. Горно Врановци. Подоцна се печатело во Прилеп и во Битола. Прва уредничка била Веселинка Малинска. Следните два броја ги подготвиле Славко Јаневски и Василие Поповиќ-Цицо. Тиражот бил 1.000 примероци. Причината поради која настанало списанието била зацврстување на извојуваната позиција на жените како градители на државата и утврдување на правото за масовно и активно вклучување во сите професии и во органите на власт, но и поврзување со жените од цела Југославија за заедничко решавање на женското прашање.
Редакција
уредиМеѓу редовните авторки и автори во списанието „Македонка“ се среќаваат: Нада Ачкоска, Ленче Арсова, Деса Миљовска, Вера Николова, Васка Дуганова, Кефсер Шукри, Киро Хаџи Василев и Лилјана Чаловска.[2]
Наводи
уреди- ↑ „МАКЕДОНКА“.
- ↑ Леитнер-Стојанов, Дарко (2022). Архиви на невидливите - Писменоста и просветата во списанието „Македонка“ (1944-1952): Меѓу родова еманципација и политичка мобилизација (PDF). Скопје: ЦИНИК. стр. 154–156.