Исо Великановиќ
Исо Великановиќ (хрватски: Iso Velikanović; Шид, 29 март 1869 — Загреб, 21 август 1940) — хрватски писател и преведувач.
Животопис
уредиТворештво
уредиВеликановиќ е автор на повеќе поетски и прозни дела, приредувач на собраните дела на најголемите хрватски писатели, автор на речник и прирачник по шпански јазик, преведувач и издавач на хумористичното списание „Кнут“ кое излегувало во Сремска Митровица во 1904-1906. Неговото најпознато дело е хумористичниот еп „Грабнување“ (хрватски: Otmica), напишан во дванаестерец во духот на народното творештво. Фабулата во епот с егради околу грабнувањето на една девојка, но наместо неа, грабнувачот грабнува една баба. Иако Милан Марјановиќ, еден од тогашните најпознати книжевни критичари, напишал поволна рецензија на епот, сепак, треба денес тоа не се смета за значајно дело, зашто градбата на стихот и атмосферата не ги поседуваат свежината и оригиналноста на народната епска поезија. Исто така, Великановиќ е автор и на следниве дела: „Зошто не пропадна светот“ (Zašto svijet nije propao, хуморески, 1912), „Сремски раскази“ (Srijemske priče, 1915) и „Жената и ѓаволот и други раскази“ (Žena i vrag i druge priče, 1924). Многу е важна неговата активност како приредувач при што тој ги приредил собраните дела на неколку хрватски писатели, како: Ксавер Шандор Ѓалски (1932-1934), Еуген Кумичиќ (1933-1941), Јосип Еуген Томиќ (1934-1936) и Аугуст Шеноа (1931-1932). Исто така, ги приредил книгите „Достоевски за деца“ (Dostojevski za djecu, 1936), „За деца раскази и песни“ (Za djecu pripovijetke i pjesme) и „Сликовници за деца“ (Slikovnice za djecu). Најпосле, тој е автор на „Прирачникот за шпански јазик во 30 лекции“ (1928), на Шпанско-хрватскиот речник (1928) и на Хрватско-шпанскиот речник (1929).[1]
Великановиќ има голема заслуга за развојто на хрватската култура поради неговата преведувачка активност која ги опфаќа следниве дела:[2]
- Ј. В. Гете, „Фауст, прв дел“ (1919)
- М. Сервантес, „Дон Кихоте“
- Ж. Б. Молиер, „Граѓанинот благородник“ (1922)
- О. Балзак, „Скокотливи раскази“
- Г. Мопасан, „Сестрите Рондоли“ (1931) и „Непознати души“
- Џ. Свифт, „Патот за Лилипут“ и „Патот во Лопут“
- Р. Киплинг, „Раскази за деца“
- Ч. Дикенс, „Раскази“ и „Штурец на огништето“
- Х. Шенкевич, „Без догма“ (1911) и „Во пустината и прашумата“
- А. Мицкевич, „Романси и балади“ (1908)
- Полска лирика (1939)
- Стефан Жеромски, „Убавините на животот“ (1915)
- Ф. Достоевски, „Злосторство и казна“ (1916)
- Ф. Достоевски, „Понижени и навредни“ (1919)
- Ф. Достоевски, Собрани дела (1922)
- Ф. Достоевски, „Бедни луѓе“, „Бели ноќи“, „Њеточка Њезнанова“, „Сонот на вујкото“, „Селото Степанчиково“, „Записи од мртвиот дом“, „Немили случки“, „Зимски забелешки“, „Записи од подземјето“, „Вечниот маж“, „Господинот Прохорчин и други раскази“ (1923) и „Идиот“ (1934)
- Л. Н. Толстој, „Кројцерова соната“ (1919), „Воскресение“ (1933), „Толстој за Мопасан“ (1894)
- Салтиков-Шчедрин, „Господа Головлеви“ (1932)
- Иван Гончаров, „Обломов“
- Николај С. Лесков, „Закржлавениот род“ (1931) и „Црковни луѓе“ (1939)
- Михаил М. Зошченко, „Хуморески“ (1933)
- Елиза Ожешкова, „Избрани раскази 1-2“ (1900-1903)
- А. С. Пушкин, „Борис Годунов“
- Максим Горки, „Делото на Артамонови“ (1934) и „Гратчето Окуров“
- Иља Ерембург, „Фабриките за санки“ и „Улица во Москва“ (1933)
- Н. В. Гогољ, „Записи на лудакот“ и „Мртви души“ (1935), „Новели“ и Собрнаи дела
- Роберт Грејвс, „Јас, Клавдиј, цар и бог“ (1939)