Грамади (Лепопелци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Грамади“
| |
Местоположба | 41°53′47″N 22°12′48″E / 41.89639°N 22.21333°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Лепопелци |
Општина | Чешиново-Облешево |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Грамади — археолошко наоѓалиште во кочанското село Лепопелци, Општина Чешиново-Облешево. Претставува населба од доцноантичкото време.
На 500 м јужно од селото, на десната страна од патот што води за Ново Селани, на простор од 200 × 200 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Во нивите има и неколку грамади од кршен камен и варов малтер.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 177. ISBN 9989-649-28-6.