Ново Селани

село во Општина Чешиново-Облешево

Ново Селани (познато и како Новоселани) — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.

Ново Селани
Новоселани

Воздушен поглед на Ново Селани

Ново Селани во рамките на Македонија
Ново Селани
Местоположба на Ново Селани во Македонија
Ново Селани на карта

Карта

Координати 41°53′3″N 22°13′40″E / 41.88417°N 22.22778°E / 41.88417; 22.22778
Регион  Источен
Општина  Чешиново-Облешево
Област Кочанско Поле
Население 46 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2333
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13026
Надм. вис. 330 м
Ново Селани на општинската карта

Атарот на Ново Селани во рамките на општината
Ново Селани на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото првпат е споменато во XVI век (1519 г.) и претставува сложенка од Ново Село и наставката -ани.[2]

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 330 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 20 километри.[3]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2342 кај селото Жиганци.

Историја

уреди

Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Авлија недалеку од селото во источна насока.[4]

Стопанство

уреди

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 162 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194878—    
195393+19.2%
1961122+31.2%
1971122+0.0%
1981115−5.7%
ГодинаНас.±%
199191−20.9%
199479−13.2%
200274−6.3%
202146−37.8%

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 122, а во 1994 година 79 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, селото имало 74 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 46 жители, од кои 38 Македонци, 1 Албанец и 7 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 78 93 122 122 115 91 79 74 46
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Општествени установи

уреди
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.

Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Ново Селани, се наоѓале и селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0878 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Лепопелци.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 52 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 53 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Авлија — населба од доцноантичко време и старохристијанска црква.
Цркви[14]
Параклиси
Манастири

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 119.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 212. Посетено на 4 јануари 2025.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 178. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2025.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 4 јануари 2025.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди