Велешка Котлина
мала котлина во централна Македонија
Велешка Котлина — мала котлина во Повардарието, како склоп од сливните подрачја во речните ерозивни проширувања на Бабуна и Тополка и непосредното проширување по реката Вардар меѓу Таорската и Велешката Клисура.
Ограничена е со водоразделната линија, која води по планините: Клепа, Бабуна, Јакупица и Голешница од западната и разграноците од Градиштанска Планина и ридовите кон Овче Поле од источната страна на Вардар.
Клисурата зафаќа површина од 1.166 км2[1]. Поголемиот дел од просторот е ридесто и планинско земјиште со околу 25 км2 рамничарски простор, претежно висок од 100 до 200 м.
Историско-географски области
уреди- Азот
- Клепа (област ограничена со областа Азот и р. Бабуна на запад, р. Вардар на север, р. Црна на исток и областите Раец и Горните села на југ)
- Гроот (останатите велешки села кои се наоѓаат западно од Вардар, поточно тие во општините Чашка и Велес)
- Ќучук-кол (останатите велешки села кои се наоѓаат источно од вардар, кои исто така граничат со Слан-дол и Овче Поле на исток, и со скопскиот крај на север)
Населени места на велешките области
уредиАзот
уреди- Бистрица, Богомила, Габровник, Капиново, Мартолци, Мокрени, Нежилово, Оморани, Ораов Дол, Ореше, Папрадиште, Плевење, Поменово, Согле, Стари Град, Теово и Црешнево
Клепа
уреди- Ораовец, Црквино, Војница, Долно Врановци, Извор, Крајници, Припор, Владиловци, Поменово, Степанци, Смиловци, Јасеново, Крнино, Мрзен Ораовец, Дебриште, Камен Дол, Сирково, Крушевица, Росоман, Градско, Горно Чичево, Долно Чичево, Подлес, Двориште, Водоврати, Виничани, Свеќани, Скачинци, Грнчиште и Згрополци
Гроот
уреди- Ново Село (општина Чашка), Крива Круша, Бусилци, Витанци, Чашка, Отишино, Раковец, Еловец, Голозинци, Мелница, Бањица, Лисиче, Горно Врановци, Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште, Дреново, 'Рлевци, С'лп, Карабуниште, Белештевица, Бузалково, Еленоводица, Раштани, Сливник, Клуковец, Горно Оризари и Долно Оризари
Ќучук-кол
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Група автори (2016). „Велешка Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 130. ISBN 978-9989-110-90-0.