Влахчани
Влахчани или Влахчени — историско село во северниот дел на Општина Велес.
Влахчани | |
Координати 41°46′45″N 21°42′23″E / 41.77917° СГШ; 21.70639° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 223 м |
Влахчани на општинската карта Атарот на Влахчани во рамките на општината | |
Влахчани на Ризницата |
Географија
уредиСелото било сместено во областа Гроот, на десниот брег на реката Вардар. Денес местото е во атарот на соседното село Сопот.
Историја
уредиВо 1859 г. Јордан Хаџи Константинов-Џинот напишал дека Влахчани е село со 10 куќи, сите Турци.[2] Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Влахчани (Vlahtchani) е наведено како село со 6 домаќинства и 12 жители Македонци муслимани,[3] кои го примиле исламот, но си ги задржале јазикот и обичаите, и 16 жители Македонци христијани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Влахчени е сосема македонско село со 40 жители Македонци христијани и 60 Турци.[3][5]
По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 г. во Влахчане (Vlahtchané) има 32 Македонци.[3][6]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Влахчани (Vlahcani) како турско село.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Влахчани“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Цариградски вестник“, 9, № 421, 7 март 1859, цит. по Хаджиконстантинов-Джинот, Йордан. Българин съм, Предговор, съставителство и редакция Иван Радев, „Абагар”, Велико Търново, 1993, с. 100.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 180-181.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 118-119.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927