Ангеле Крстески
Ангеле Миладинов Крстески ( 1924 во Србјани, Кичевско — 1944 во Клиново, Кавадаречко) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиРоден е во земјоделско семејство. Определен за борба против окупаторот, се вклучил во воспитните групи, а во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ. Во есента 1943 година доброволно заминал како партизан во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата бил во Егејска Македонија во познатиот Февруарски поход. По борбите кај Богомила, се нашол отцепен од Бригадата со повеќе свои другари кои наишле на бугарски заседи кај селото Клиново на Црна Река. Таму бил смртно погоден од фашистички куршум во февруари 1944 година.[1]