Клиново

село во Општина Кавадарци

Клиново — раселено село во областа Мариово, во Општина Кавадарци.

Клиново

Поглед на сретселото од некогашното село

Клиново во рамките на Македонија
Клиново
Местоположба на Клиново во Македонија
Клиново на карта

Карта

Координати 41°14′15″N 21°56′55″E / 41.23750°N 21.94861°E / 41.23750; 21.94861
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Мариово
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11021
Надм. вис. 770 м
Клиново на општинската карта

Атарот на Клиново во рамките на општината
Клиново на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди

Постојат повеќе легенди за името на селото. Една од нив вели дека селото го добило името бидејќи било сместено помеѓу два рида, како во клин. Исто така, постои и приказна за тројца браќа, Гале, Климе и Вите, кои ги создале селата Галиште, Клиново и Витолиште.[2]

Географија и местоположба

уреди

Клиново се наоѓа во крајниот југозападен дел на Општина Кавадарци, покрај бреговите на Црна Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Прилеп.[3] Селото е планинско и се наоѓа на надморска височина од 770 метри.[3]

До селото води локален земјен пат, кој започнува во селото Бојанчиште, додека пред изградбата на Тиквешкото Езеро патот бил покрај Црна Река.[2]

Денес, во самото село скоро и да нема останат објект, освен двете цркви, а многумина имаат подигнато викендички кај вливот на реката Блаштица во Тиквешкото Езеро.[2]

Во 2007 година бил пробиен патот од Блаштица до селото и било овозможено да се оди со возило преку Бојанчиште до викенд-населбата на Блаштица и од тука нагоре до селото.

Историја

уреди

По податоците на бугарското воено разузнавање, во 1908 година во селото имало околу 80 куќи и тоа било едно од најбедните и најдивите села во Мариово.[4]

Селото било раселено поради изградбата на браната на Црна Река (Тиквешко Езеро) во 1968 година. При самата изградба на селото имало ветување дека ќе се изгради пат до селото, но и дека ќе се обезбеди брод за да го користат тие што живеат или потекнуваат оттаму. Пред изградбата на селото, клинчани од Кавадарци до селото патувале по пат покрај Црна Река пред да биде потопен од Тиквешкото Езеро.[2]

Во селото никогаш не била обезбедена електрична енергија.[2]

Стопанство

уреди

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 76,8 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 5.801 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 251 хектар, а на пасиштата отпаѓаат 103 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948492—    
1953409−16.9%
1961418+2.2%
197115−96.4%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
19912—    
19945+150.0%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Клиново живееле 650 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Клиново имало 680 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]

Клиново во 1961 година имало 418 жители, македонско население, а во 1994 година, само пет жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 650 680 492 409 418 15 0 2 5 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Клиново било село во рамките на Мариовската нахија во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Клиново се наоѓале селата Бојанчиште, Мрежичко и Рожден. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Рожден, во која влегувале селата Клиново и Рожден.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0710 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бојанчиште, Клиново и Куманичево, кое е сместено во зграда на општината, поранешно основно училиште во селото Бојанчиште.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Бабина Нива — населба од средниот век;
  • Градишта — градиште од железното и римското време и средниот век;
  • Градиштанска Црква — населба од доцноантичкото време;
  • Грозана — средновековно утврдување;
  • Карпуза — средновековна некропола;
  • Катуништа — населба и некропола од доцноантичкото време;
  • Колиби — средновековно утврдување;
  • Крст — некропола од доцноантичкото време;
  • Прекиот Пат — населба од доцноантичкото време;
  • Самарџица — средновековна населба;
  • Стреј — средновековно утврдување;
  • Тумба — утврдена населба од доцноантичкото време; и
  • Черњец — населба од доцноантичкото време.
Цркви[17]
Манастири
Споменици

Редовни настани

уреди
Слави

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Клиново

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Селото Клиново некогаш имало 1.000 жители, денес нема ниту еден оти никој половина век не им гради пат“. МКД.МК. 2023-10-01. Посетено на 2025-01-24.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 151. Посетено на 24 јануари 2025.
  4. Материали за военно-географическия обзор на Македония, ІІ Тиквешки район, Печатница „Военен журнал“, София, 1908, стр. 29.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 263.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 јануари 2025.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 4 февруари 2018.
  14. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2020. Посетено на 4 февруари 2018.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 152. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди