23°26′16″S 0°0′0″W / 23.43778°S -0.00000°E / -23.43778; -0.00000 (Нулти меридијан)

Јужниот Повратник на карта на светот.
Споменик што го облежува Јужниот Повратник близу Антофагаста, Чиле.

Јужен Повратник (наречен и Јарчев Повратник) — замислена кружница на најјужната географска должина на Земјата на која Сонцето може да дојде нормално на Земјината површина. Оваа појава се јавува при декемврискиот сонцестој, кога јужната полутопка е во најголема мера наклонета кон Сонцето.

Ова е еден од петте главни напоредници што стојат на картите на светот. Моментално јужниот напоредник (епоха 2011) лежи 23° 26′ 16″ јужно од екваторот.[1]

Положбата на повратникот не е постојана, туку се поместува на север со стапка од речиси половина секунда (0,47″ или 15 метри) годишно. Во 1917 г. повратникот се наоѓал точно на 23° 27' ЈГШ.[2]

Повратникот се нарекува и „Јарчев Повратник“ поради фактот што пред 2000 сонцето влегло во соѕвездието Јарец за време на декемврискиот сонцестој. Денес сонцето во ова време од годината се јавува во соѕвездието Стрелец. Промената се должи на појавата наречена прецесија на рамнодениците.

Места

уреди

Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Јужниот Повратник минува низ следниве места:

Координати Земја, територија, море Белешки
23°26′S 0°0′E / 23.433°S 0.000°E / -23.433; 0.000 (Нулти меридијан) Атлантски Океан
23°26′S 14°27′E / 23.433°S 14.450°E / -23.433; 14.450 (Намибија)   Намибија
23°26′S 20°0′E / 23.433°S 20.000°E / -23.433; 20.000 (Боцвана)   Боцвана окрузите Кгалагади, Квененг и Централниот округ
23°26′S 27°18′E / 23.433°S 27.300°E / -23.433; 27.300 (ЈАР)   ЈАР покраината Лимпопо
23°26′S 31°33′E / 23.433°S 31.550°E / -23.433; 31.550 (Мозамбик)   Мозамбик покраините Газа и Инхамбане
23°26′S 35°26′E / 23.433°S 35.433°E / -23.433; 35.433 (Индиски Океан) Индиски Океан Мозамбички Проток
23°26′S 43°45′E / 23.433°S 43.750°E / -23.433; 43.750 (Мадагаскар)   Мадагаскар покраините Толијара и Фијанаранцоа
23°26′S 47°39′E / 23.433°S 47.650°E / -23.433; 47.650 (Индиски Океан) Индиски Океан
23°26′S 113°47′E / 23.433°S 113.783°E / -23.433; 113.783 (Австралија)   Австралија Западна Австралија, Северна Територија и Квинсленд
23°26′S 151°3′E / 23.433°S 151.050°E / -23.433; 151.050 (Корално Море) Корално Море минува веднаш јужно од гребенот Като во територијата Коралноморски Острови (  Австралија)
23°26′S 166°46′E / 23.433°S 166.767°E / -23.433; 166.767 (Тихи Океан) Тихи Океан минува веднаш северно од Минервините Гребени (  Тонга) и веднаш јужно од Тубуаи (  Француска Полинезија)
23°26′S 70°36′W / 23.433°S 70.600°W / -23.433; -70.600 (Чиле)   Чиле регионот Антофагаста
23°26′S 67°07′W / 23.433°S 67.117°W / -23.433; -67.117 (Аргентина)   Аргентина покраините Хухуј, Салта, Хухуј (повторно) и Формоса
23°26′S 61°23′W / 23.433°S 61.383°W / -23.433; -61.383 (Парагвај)   Парагвај департманите Бокерон, Президенте Ајес, Консепсион, Сан Педро и Амамбај
23°26′S 55°38′W / 23.433°S 55.633°W / -23.433; -55.633 (Бразил)   Бразил сојузните држави Јужно Мато Гросо, Парана и Саун Пауло
23°26′S 45°2′W / 23.433°S 45.033°W / -23.433; -45.033 (Атлантски Океан) Атлантски Океан

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Повратник во движење[мртва врска] (шпански)
  2. Миланковиќевите циклуси и глацијацијата Архивирано на 6 август 2011 г. - Државен унверзитет на Монтана (англиски)