Саун Пауло (сојузна држава)
Саун Пауло — држава во Бразил. Центар е на бразилската економија и индустрија. Крстена е по Св. Петар. Од бразилските држави Саун Пауло е најнаселена. Престолнина е Саун Пауло, кој исто така е најголем град во Јужна Америка.[1]
Главен град | Саун Пауло |
Најголем град | Саун Пауло |
Службен јазик | португалски |
- Гувернатор | Хосе Сера |
- Вице Гувернатор | Алберто Голдман |
Површина | |
- Вкупно | 248,209.426 км² ({{{површина поредок}}}.) |
- Вода (%) | {{{вода}}}% |
Население | |
- 2006 | 41,055,734 ({{{население поредок}}}.) |
- Густина | 165.4/km² ({{{густина поредок}}}.) |
БДП (ПКС) | 2005 приб. |
- Вкупно | 802,855,000,000 ({{{БДП поредок}}}.) |
- По глава на жител | 17,977 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.) |
ИЧР (2005) | 0.833 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок |
Валута | |
Часовен појас | UTC {{{часовен појас}}} |
НДД | [[]] |
Повикувачки број | +
|
Историја
уредиНезависност на Бразил
уредиПортугалскиот Престолонаследник принцот Педро де Алкантара, Бурбон е Баранка ја наследиле татковата љубов кон Бразил, отфрлувајки ги барањата од Лисабон дека Бразил треба да се управува од Европа. Според легенда, во 1882-ра регентот јавал коњ надвор од Саун Пауло кога курир донел порака дека треба да се врати во европа. Тогаш Педро го дигнал мечот и извикал “Independencia ou morte!” ("Независност или смрт!"). Малата матична земја Портигалија не била во позиција да издржи, и на 7 септември 1822, Педро го удрил печатот на независен Бразил, и станал Дом Педро I Бразилски Император. Бразил останал империја до 1889. Либералноста паралено растела и во Бразил и Европа. При прогласувањето независност, Саун Пауло имал 25,000 жители, бројот жители во наредните 60 години солидно растел. Во доцните 1860-ти Саун Пауло ја добил првата железничка пруга, направена од британски инженери. Бразил во средината на 18 век станал главен светски извозник на кафе. Помеѓу 1901 и 1910-та, извозот на кафе земал 51% од целокупниот бразилски извоз. Во меѓувреме, Бразилската монархија пропаднала во 1889. Феудалниот режим пропаднал и новиот устав дал децентрализирана власт. Новата кафе елита видела шанса за управување. Имало потреба од работници, ропството било аболирано во 1888, и од страв земјата да не стане црнечка држава била промивирана емиграцијата преку подарување на земја. Од 1893, странците претставувале 55% од населението на Саун Пауло. Од 1920 Саун Пауло бил втор град по големина во Бразил.
Географија
уредиДржавата зафаќа површина од 248,800 км2, со население околу 40 милиони (21.5% од населението на Бразил), тоа ја прави најнаселена држава во Бразил. Ужива тропска и суптропска клима, Престолнината лежи на југ на 800 m надмосрка височина со просечни дневси температури помеѓу 19 °C и 28 °C. Саун Пауло е најбогата држава во Бразил.
Поголеми градови
уредиРанк | Град | Население |
---|---|---|
1 | Саун Пауло | 10,886,518 |
2 | Гуаруљос | 1,283,253 |
3 | Кампинас | 1,059,420 |
4 | Саун Бернандо до Кампро | 781,390 |
5 | Осаско | 701,012 |
6 | Санто Андре | 667.891 |
7 | Саун Хосе дос Кампос | 594,948 |
8 | Сорокаба | 559,157 |
9 | Рибеирао Прето | 547,417 |
10 | Сантос | 418,288 |
11 | Mоѓи дас Крузес | 400,000 |
12 | Саун Хосе до Рио Прето | 398,079 |
13 | Диадема | 386,779 |
14 | Карапикуиба | 379,566 |
15 | Мауа | 375,769 |
-
1 - Саун Пауло.
-
2 - Гуаруљос.
-
3 - кампинас.
-
5 - Осаско.
-
8 - Сорокаба.
-
9 - Рибеирао Прето.
-
10 - Сантос.
-
11 - Mоѓи дас Крузес
Демографија
уредиСпоред пописот од 2007-ма државата брои 41,164,000 жители, густината на населеност изнесува 165,4 ж. на км2. Урбанизираност: 94.6% (2006); национален прираст: 1.8% (1991-2000); Домаќинства: 12,610,000 (2006).[2] Структура: 28,814,000 Белци (70.0%), 9,879,000 Пардо (24.0%), 2,058,000 Црнци (5.0%), 411,000 Азијати или Домородни народи (1.0%).[3] Луѓе со италијанско потекло доминираат во повеќето градови, вклучувајќи ја престолнината и северниот дел на државата, кој е 65% Италијански.[4] Луѓе со Португалско и Шпанско потеклоо има во повеќето градови. Со африканско и црвенокожо потекло се релативно бројни. Саун Пауло е дом на повеќето Азијати од Бразил, во државава ја има најголемата концентрација на Јапонци надвор од Јапонија. Има доста луѓе со левантско потекло, повеќето Сиријци и Либанци.[6][7] Повеќето Евреи од Бразил живеат во државава.
Стопанство
уредиСекторот за услуги зазема најголем дел од БДП со 47.2%, следен од индустрискиот сектор со 46.3%. Земјоделието зазема 6.5% од БДП (2004). Саун Пауло извезува: vвозила 17.2%, аавиони и хеликоптери 11.6%, храна 10%, шеќер и алкохолно гориво 7.8%, портокалов џус 5.2%, телекомуникациона техника 4.1% (2002). Учество во бразилската економија: 33.9% (2005). Саун Пауло е одговорна за апроксимирано една третина од Бразилскиот БДП. Богатството е неравномерно разпределено во државата.
Статистика
уредиВозила: 15,453,454 (Март/2007); Клеточни телефони: 25 милиони (Април/2007); Телефони: 13,8 милиони (Април/2007); Градови: 645 (2007).[2]
Образование
уредиПортугалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
Образовни институции
уреди- Институт за јадрено и енергетско истражување (ИНЕИ);
- Аеронаутички технолошки институт (АТИ);
- Универзитет Саун Пауло (СПУ);
- Саун Пауло федерален универзитет (Unifesp);
- Кампински Државен Универзитет (Unicamp);
- Саун Карлос федерален универзитет (UFSCar);
- Таубате Универзитет (Unitau);
- Федерален Универзитет АБЦ (UFABC);
- Сорокаба Универзитет (Uniso) ;
- и др.
Култура
уредиИнфраструктура
уредиПолитички Систем
уредиСпорт
уредиПоголеми градови
уредиСаун Пауло, Гуаруљос, Кампинас, Саун Пауло бернардо до Кампо, Осаско, Санто Андре, Саун Хосе дос Кампос, Сорокаба и др.
Поврзано
уредиПовеќе за São Paulo на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Бразил
- Официјална страница Архивирано на 10 октомври 2011 г.
- бразилски туристички портал Архивирано на 12 декември 2007 г.
- Државно собрание (Assembléia Legislativa)
- Список на општини во Саун Пауло
Белешки
уреди21°49′47″S 49°12′27″W / 21.82972°S 49.20750°W
- ↑ São Paulo State (PDF). State of São Paulo, Brazil: Brazil Tourism Portal. 2008. ISBN 85-240-3919-1. Посетено на 2008-01-20.[мртва врска]
- ↑ Извор: IBGE.