The Verve
The Verve ― англискa рок-група основана во Виган во 1990 година. Во оригиналниот состав на групата членувале: Ричард Ешкрофт (пејач), Ник Мекејб (гитара), Сајмон Џонс (бас-гитара) и Питер Салисбери (тапани).
The Verve | |
---|---|
The Verve настапуваат во Медисон Сквер Гарден во 2008 година. Од лево кон десно: Ник Мекејб, Питер Салисбери, Ричард Ешкрофт. Сајмон Џонс не се гледа на сликата | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Verve (1990–1993) |
Потекло | Виган, Англија |
Жанрови |
|
Период на активност |
|
Издавачи | |
Соработници | |
Мреж. место | theverve.co.uk |
Поранешни членови | |
| |
На почетокот свиреле психоделична и shoegaze музика, а на меѓународната музичка сцена се пробиле со албумот Urban Hymns (1997), еден од најпродаваните албуми во историјата на Обединетото Кралство.[4] И покрај огромната популарност The Verve се распаднале во 1999 година, а како причина биле наведени внатрешни несогласувања. Оригиналната постава на групата повторно се обединила во 2007 година, во 2008 година го објавувиле албумот Forth и се распаднале по трет пат во 2009 година.[5]
Историја
уредиОсновачките членови на Verve се запознале на колеџот во Виган и основале група која на почетокот се викала Verve. По основањето имале серија успешни настапи и поддршка од локалната музичка сцена. Во 1991 година групата потпишала договор со Hut Records,[6] а во 1993 година го издале нивниот прв албум A Storm in Heaven. Албумот бил пофален од критиката поради амбициозната и иновативна продукција, но слабо се продавал.[7]
По издавањето на вториот албум A Northern Soul во 1995 година, групата поминала низ криза која резултирала со кратко разделување.
На почетокот од 1997 година, Ешкрофт го замолил Мекејб да се врати во групата.[8] По враќањето на Мекејб, групата го снимила третиот студиски албум, Urban Hymns.
Verve за прв пат забележале комерцијален успех. Првиот сингл од албумот, „Bitter Sweet Symphony“, се искачил на второ место на топ-листите во Велика Британија, а Би-би-си напишале дека песната „стана една од химните на годината“ и „стана речиси неизбежна“ откако била употребена во реклама за автомобил на телевизија.[9] Од истиот албум биле објавени и сингловите „The Drugs Don’t Work“ и „Lucky Man“, кои исто така биле меѓународно популарни.
Албумот Urban Hymns се искачил на прво место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство.[10] На Британските музички награди во 1998 година, The Verve ги освоиле наградата за најдобра британска група[11] и најдобар британски албум Urban Hymns). На доделувањето на видеомузичките награди од MTV во 1998 година, песната „Bitter Sweet Symphony“ била номинирана за видео на годината, најдобро групно видео и најдобро алтернативно видео. Во февруари 1999 година, „Bitter Sweet Symphony“ била номинирана за награда „Греми за најдобра рок песна“.[12] Во април 1999 година, било објавено дека членовите на The Verve повторно се разделиле.[13]
По распаѓањето на групата, нејзините членови продолжиле со индивидуални проекти, а Ричард Ешкрофт изградил успешна соло-кариера. Во 2007 година, групата се обединила и во 2008 година го издала албумот Forth. Албумот бил позитивно прифатен од публиката и од критиката.
Во август 2009 година, Гардијан шпекулирал дека The Verve се распаднале по трет пат. Запрашан за наводното разделување, Ешкрофт за Дејли Телеграф изјавил: „Можам да потврдам дека го направивме она што го зацртавме [...] Во моментов нема планови да правиме нешто во блиска иднина“.[14]
Членови на групата
уредиОфицијални членови
уреди- Ричард Ешкрофт – водечки и придружен вокал, ритам-гитара, клавијатури (1990–1995, 1997–1999, 2007–2009), главна гитара (1995–1996)
- Ник Мекејб – Водечка гитара, клавијатури (1990–1995, 1997–1998, 2007–2009)
- Сајмон Џонс – бас, повремен придружен вокал (1990–1995, 1997–1999, 2007–2009)
- Питер Солсбери – тапани, удиралки (1990–1995, 1997–1999, 2007–2009)
- Сајмон Тонг – ритам-гитара (1997–1998), главна гитара, клавијатури (1996–1999)
Дискографија
уреди- A Storm in Heaven (1993)
- A Northern Soul (1995)
- Urban Hymns (1997)
- Forth (2008)
Наводи
уреди- ↑ Ankeny, Jason. „The Verve | Biography & History“. AllMusic. Посетено на 22 November 2020.
- ↑ Ankeny, Jason. „Richard Ashcroft | Biography & History“. AllMusic. Посетено на 22 November 2020.
- ↑ Ankeny, Jason. „A Northern Soul – The Verve“. AllMusic. Посетено на 22 August 2023.
- ↑ „Top 40 Best Selling Albums: 28 July 1956 – 14 June 2009“ (PDF). Official Charts Company. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 March 2016. Посетено на 26 July 2011.
- ↑ Gourlay, Dom (29 August 2017). „Urban Hymns At 20: DiS Meets Nick McCabe“. Drowned in Sound. Архивирано од изворникот на 29 August 2017. Посетено на 29 April 2019.
- ↑ Strong, Martin C., (2002), The Great Rock Discography, 6th edn, Canongate, ISBN 1-84195-312-1
- ↑ Strong, Martin C., (2002), The Great Rock Discography, 6th edn, Canongate, ISBN 1-84195-312-1
- ↑ „Follow the Yellow Brick Road“. Musicsaves.org. Архивирано од изворникот на 22 February 2012. Посетено на 13 September 2010.
- ↑ „The Verve's bitter sweet career“. BBC News. 28 April 1999. Посетено на 23 March 2011.
- ↑ Roberts, David (2006).
- ↑ Roberts, David, уред. (2019). Rock chronicles: every legend, every line-up, every look (Third. изд.). Richmond Hill, Ontario: Firefly Books. стр. 522. ISBN 978-0-2281-0159-8. OCLC 1080216036.
- ↑ 41st Grammy Awards – 1999 Rock on the Net.
- ↑ „The Verve split up“. BBC News. 28 April 1999. Посетено на 2022-07-15.
- ↑ Gourlay, Dom (29 August 2017). „Urban Hymns At 20: DiS Meets Nick McCabe“. Drowned in Sound. Архивирано од изворникот на 29 August 2017. Посетено на 29 April 2019.
Надворешни врски
уреди- Матична страница (defunct since 29 June 2013)
- The Verve at IMDb