Mafia: The City of Lost Heaven
видеоигра од 2002 година
Mafia: The City of Lost Heaven е пукачка видеоигра од трето лице првично изработена за ЛС, издадена во 2002, а во 2004 година се направени верзии и за Sony PlayStation 2 и Microsoft Xbox. Изработена е од чешката компанија Illusion Softworks и издадена е од Gathering of Developers. Играта му овозможува на играчот да игра улога на криминалец кој треба да извршува разни задачи за да напредува во играта. Критичарите ѝ дадоа одлични оценки на играта, како и играчите. До 12 март, 2008, Mafia има продадено 2 милиони копии, според Take-Two Interactive.[1][2]
Mafia: The City of Lost Heaven | |
---|---|
Изработувач(и) | Illusion Softworks |
Издавач(и) | Gathering of Developers |
Дизајнер(и) | Даниел Вавра |
Композитор(и) | Владимир Шимунек |
Погон | LS3D |
Последна верзија | 1.2 |
Подлоги | Microsoft Windows, PlayStation 2, Xbox |
Датум на издавање | 28 август, 2002 |
Жанр(ови) | Пукач од трето лице |
Режим(и) | Самостоен |
Медиум | 3 ЦД-а , 1 ДВД |
Побарувања | Windows
|
Начин на контролирање |
Windows
|
На 21 август, 2007, Take-Two Interactive ја најави Mafia II[3] на конвенцијата за игри во Лајпциг, под изразботка на 2K Czech.
Наводи
уреди- ↑ Мет Мартин (2008-03-12). „Grand Theft Auto series has sold 66 million units to date“. GamesIndustry.biz. Посетено на 2008-04-01.
- ↑ „Recommendation of the Board of Directors to Reject Electronic Arts Inc.'s Tender Offer“ (PDF). Take-Two Interactive Software, Inc. 2008-03-26. стр. 9. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-04-08. Посетено на 2008-04-01.
- ↑ „Mafia 2 announced on 2K Games“. 2kgames.com. Архивирано од изворникот на 2013-11-27. Посетено на 2009-07-22.
Надворешни врски
уредиВикицитат има збирка цитати поврзани со:
Оваа статија поврзана со видеоигри е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |