Echinosteliida
Echinosteliida | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Amoebozoa |
Колено: | Mycetozoa |
Класа: | Myxogastria |
Ред: | Echinosteliida |
Echinosteliida е еден од петте редови на лигави габи од класата миксомицети со околу 20 видови. Поради тоа што се мали, често не се забележуваат во природата.[1]
Одлики и екологија
уредиВидовите од овој ред се многу мали. Претставниците поседуваат дршкасти спорангии со пречник обично помал од 0,5 милиметри, а ретко достигнува до 1,5 милиметри. Спороносното тело е заоблено, споровиот прашок е бел, розов или светлокафен.[1]
Видовите најчесто ја колонизираат кората на живите дрвја и увивните растенија; особено вакви се видовите од родот Echinostelium.[1]
Систематика
уредиОвој ред е воведен во 1976 од страна на H.W. Keller и T.E. Brooks и опфаќа 3 родови и две фамилии:[1]
- Фамилија Echinosteliedae
- Фамилија Clastodermidae
Нивната точна положба во Myxogastria е нејасна; резултатите добиени од молекуларно-генетските истражувања е контрадикторни.[2]