Dread and the Fugitive Mind
Dread and the Fugitive Mind е песна на Мегадет од нивниот деветти студиски албум The World Needs a Hero. Песната претходно била објавена како дел од компилацијата Capitol Punishment: The Megadeth Years. Текстот на песната говори за тоа дали престапниците имаат грижа на совеста. Вака Мастејн ја искоментирал содржината:
„Dread and the Fugitive Mind“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Мегадет | |||||
од албумот The World Needs a Hero | |||||
Издаден | 2001 г. | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | 2000 г. | ||||
Жанр | Хеви метал, треш метал | ||||
Должина | 4:25 | ||||
Издавачка куќа | Капитол | ||||
Композитор | Дејв Мастејн | ||||
Продуцент | Дејв Мастејн | ||||
Хронологија на синглови на Мегадет | |||||
|
Станува збор за пресуда. Најголемиот парадокс е тоа ако не постои Господ, а ти живееш воздржан и примерен живот, не си загубил ништо. Ако постои Бог, а животот ти бил блуден и развратен, тогаш си во страшна неволја. Пораката што се обидувам да ја пренесам е што ако не постои „Страшниот суд“? Многупати луѓето морално ќе се издигнат, за потоа целосно да се предадат на неетички задоволства. Нивното внатрешно размислување е она што ме копка да го откријам.
—Дејв Мастејн, 2001 г.[1]
Песни на винил изданието од Dread and the Fugitive Mind
уреди- „Dread and the Fugitive Mind“ (верзија од Capitol Punishment: The Megadeth Years) - 3:23
- „Dread and the Fugitive Mind“ (верзија од албумот) - 4:25
- „Dread and the Fugitive Mind“ (завршен риф) - 0:13 [2]
- Капитол Рекордс 2001 г.[3]
Музички персонал
уредиНаводи
уреди- ↑ „The Realms of Deth - Текстови од Мегадет - The World Needs a Hero“. Megadeth.rockmetal.art.pl. Архивирано од изворникот на 2013-11-18. Посетено на 2012-02-14.
- ↑ Encyclopaedia Metallum[мртва врска]
- ↑ „Дискографија на Мегадет“. Megadeth.com. 2012-01-26. Архивирано од изворникот на 2010-12-06. Посетено на 2012-02-14.