Don't Worry, Be Happy е песна на Боби Макферин од 1988 година, објавена како прв сингл од неговиот албум Simple Pleasures (1988). Тоа беше првата А капела песна што стигна до првото место на топ-листата Билборд Хот 100, позиција што ја задржа две недели. Првично објавена заедно со филмот „Коктел“, песната се искачи на број еден на 24 септември 1988 година, заменувајќи го „Sweet Child o' Mine“ од Guns N' Roses.

„Don't Worry, Be Happy“
Сингл од Боби Макферин
од албумот Simple Pleasures
Страна А Don't Worry Be Happy
Страна Б 12" макси
7" промо
7" сингл
ЦД сингл
Издаден 24 јули, 1988
Снимен 1988
Жанр Реге, Џез, поп
Должина 4:03
Издавачка куќа EMI-Manhattan
Композитор Боби Макферин
Продуцент Линда Голдстајн

Песната, исто така, се искачи на 11-то место на топ-листата на Billboard Hot Black Singles и на седмото место на ''Billboard'' Hot Adult Contemporary Tracks. Погоди број еден во Австралија и остана таму 7 недели. Исто така, беше хит во Обединетото Кралство, достигнувајќи го второто место во текот на својата петта недела на топ листите за синглови во Обединетото Кралство. Во Канада, песната го достигнала првото место во својата осма недела. Еден критичар го забележа како „формула за соочување со животните искушенија“.

Табели и позиции

уреди

Табела

уреди
Табела (1988–89) Највисока
позиција
  Германија (Media Control Charts)[1] 1
  Австралија (ARIA Charts)[1] 1
  Австрија (Ö3 Austria Top 75)[1] 1
  Белгија (Ultratop 50 de Flandres)[1] 2
  Канада (RPM 30 Retail Singles)[2] 1
  Канада (RPM Top Singles)[3] 1
  Франција (SNEP)[1] 29
  Ирска (Irish Singles Chart)[4] 3
  Италија (FIMI)[5] 18
  Холандија (Dutch Top 40)[6] 2
  Холандија (Mega Single Top 100)[1] 3
  Нов Зеланд (NZ Top 10 Heatseekers)[1] 2
  Норвешка (VG-lista)[1] 5
  ЈАР[7] 4
  Шпанија (AFYVE)[8] 5
  Шведска (Sverigetopplistan)[1] 2
  Швајцарија (Schweizer Hitparade)[1] 2
  Обединето Кралство (Official Charts Company)[9] 2
  САД (Billboard Hot 100)[10] 1
  САД (Billboard Hot Adult Contemporary)[10] 7
  САД (Hot R&B/Hip-Hop Singles)[10] 11

Наводи

уреди