Шуто Оризари
Шуто Оризари или Шутка — населба во северниот дел на Скопје и седиште на истоимената општина. Населена е главно со Роми.
Шуто Оризари | |
Улица во Шуто Оризари | |
Координати 42°02′16.84″N 21°25′28.42″E / 42.0380111° СГШ; 21.4245611° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Шуто Оризари |
Население | 15.353 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25051 |
Надм. вис. | 303 м |
Шуто Оризари на општинската карта Атарот на Шуто Оризари во рамките на општината | |
Шуто Оризари на Ризницата |
Историја
уредиКон крајот на XIX век Шуто Оризари било мало македонско село во Скопската каза на Отоманското Царство.
Население
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. населението на Шуто Оризари се состоело од 84 Македонци христијани.[2][3]
На етничката карта од 1927 . Леонард Шулце Јена го укажува Оризаре (Orizare) како село со нејасен ентички состав.[4]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Оризари како македонско село.[2][5]
Шуто Оризари почнало да расте и коренито да го менува етничкиот состав по Скопскиот земјотрес од 1963 година. Со обновата на градот во местото се населиле претежно Роми. На грбот на населбата стои чакрата (тркалото) од ромското знаме.
Според пописот од 2002 година, Шуто Оризари има 15.353 жители.[6]
Народ | Вкупно |
Македонци | 481 |
Албанци | 1205 |
Турци | 49 |
Роми | 13.201 |
Власи | 0 |
Срби | 34 |
Бошњаци | 138 |
останати | 245 |
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 208. ISBN 954430424X.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2020-08-27.
Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |