Шпански Ниски Земји
Шпански Ниски Земји (шпански: Países Bajos Españoles; холандски: Spaanse Nederlanden; француски: Pays-Bas espagnols; германски: Spanische Niederlande) ― Хабсбуршки Ниски Земји управувани од шпанскиот огранок на Хабсбуршката династија во периодот од 1556 до 1714 година. Тие биле мноштво поседи на Светото Римско Царство во Ниските Земји одржувани во личен сојуз од шпанската круна (наречена и Хабсбуршка Шпанија). Овој регион го опфаќал најголемиот дел од денешните држави Белгија и Луксембург, како и делови од северна Франција, јужна Холандија и западна Германија со главен град Брисел. Фландриската армија добила задача да ја брани територијата.
Шпански Ниски Земји |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Главен град | Брисел | |||||
Уредување | Гувернат |
По смртта на Марија Бургундска во 1482 година, царските феуди на поранешните Бургундски Ниски Земји ги наследила Австриската Хабсбуршка династија. Седумнаесетте провинции го сочинувале јадрото на Хабсбуршките Ниски Земји кои по абдикацијата на царот Карло V во 1556 година преминале во владение на шпанските Хабсбурзи. Откако во 1581 година дел од Ниските Земји се отцепил и била создадена независната Холандска Република, остатокот од областа останал под шпанска власт до Војната за шпанското наследство.