Чукотски јазици
Чукотските јазици се подгрупа на чукотско-камчатските јазици. Овие јазици се зборуваат во Рускиот Далечен Исток, на Чукотка. Традиционално, јазичарите тврделе дека оваа група е составена од два јазика, чукчиски и корјачки. Сепак, кон овие два јазика се додале уште два дијалека: керечки и алјуторски, кои се зборуваат од Чукчијци и Корјаци. Постои и верување дека сите овие јазици се всушност четири различни дијалекти на еден ист јазик
Чукотски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Руски Далечен Исток |
Класификација: | Чукотско-камчатски
|
Гранки: |
—
|
Јазици
уреди- Чукчиски јазик - се зборува воглавно во Автономниот округ Чукотка.
- Корјачки јазик - се зборува во Округот Корјак.
- Алјуторски јазик - се зборува во Корјакија.
- Керечки јазик - се зборува во јужниот дел на Чукотка. Денес јазикот е исчезнат.
Наводи
уреди- Comrie, Bernard. 1981, The Languages of the Soviet Union. Cambridge University Press.
- Fortescue, Michael. 1998. Language Relations Across Bering Strait. London: Cassell & Co.
- Fortescue, Michael. 2005. Comparative Chukotko–Kamchatkan Dictionary. Trends in Linguistics 23. Berlin: Mouton de Gruyter.