Челичната дама (филм)
„Челичната дама“ (англиски: The Iron Lady) е филм од 2011 година, во режија на Филида Лојд, а според сценариото на Аби Морган. Главните улоги ги толкуваат: Мерил Стрип, Џим Бродбент, Оливија Колман, Ричард Грант и Ентони Хед. За улогата на Тачер, во 2012 година, Мерил Стрип ги добила наградите „Оскар“ и „Златен глобус“ за најдобра главна женска улога, а филмот добил уште еден „Оскар“ за најдобра шминка. Исто така, филмот добил уште 20 други награди и имал 37 номинации.[1] [2] [3]
Содржина
уредиФилмот е ретроспектива на кариерата на поранешната премиерка на Британија, Маргарет Тачер. Таа е конзервативна, непоколеблива дама со челична волја, која и во семејството и во јавниот живот се наметнува како авторитативна личност. Тачер покажува бескомпромисност и во критичните моменти, како што се големите штрајкови на рударските и бродските работници или за време на војната за Фолкландските острови.[4]
Наводи
уреди- ↑ IMDb, The Iron Lady (2011) (пристапено на 2.1.2015)
- ↑ IMDb, The Iron Lady (2011), Awards (пристапено на 2.1.2015)
- ↑ РТС, Гвоздена леди (пристапено на 10.5.2022)
- ↑ „Портрет на британската премиерка Маргарет Тачер“, Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 3.