Чалгија саунд систем (музички албум)
„Чалгија саунд систем“ — музички албум на истоимената македонска музичка група. Албумот е објавен во 2010 година од издавачката куќа „Профундус“
Содржина
уредиАлбумот содржи 18 песни:[1]
- Стојана мајка учеше
- Ајде вино пијам
- Кажи Јано, кажи душо
- Марие, млада невесто
- Не виткај се, Софче
- Дафино, вино црвено
- Старо чалгиско оро
- Антице, џанам душице
- Ој Ѓорушице
- Ајде дали знаеш, паметиш Милице
- Севдалино, малој моме
- По друм одам
- Мори чупи костурчанки
- Твојте очи, Лено
- Одење по невестата
- Кица мома моле бога
- Ој Зарино
- Апсана ме кладе
Технички одлики
уредиАлбумот е снимен во живо на телевизијата „Алфа“, на 18 декември 2009 година. Снимател бил Ален Хаџи-Стефанов, а миксот и мастерингот ги направил Доријан Јовановиќ во студиото „Профундус“. Аранжманите на сите песни се дело на групата, освен четвртата и петтата песна кои ги аранжирал Мате Грујоски. Сите песни се отсвирени од групата, која е и продуцент на албумот. Автор на дизајнот на обвивката на албумот и на логото е Ладислав Цветковски.[1]