Чавдар (Софиска Област)
Чавдар (бугарски: Чавдар) — село во Западна Бугарија, административен центар на општината Чавдар во Софиската Област. Има население од околу 1.282 жители (2022).[1]
Чавдар Чавдар | |
---|---|
село | |
Плоштадот во селото | |
Местоположба на Чавдар во Бугарија | |
Координати: 42°39′36.5″N 24°3′21.88″E / 42.660139°N 24.0560778°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Софија |
Општина | Чавдар |
Управа | |
• Градоначалник | Григор Даулов (БСП, НФСБ) |
Површина | |
• Вкупна | 70,797 км2 (27,335 ми2) |
Надм. вис. | 570 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1,282 |
• Густина | 18/км2 (47/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 2084 |
Повик. бр. | +359 07189 |
Мреж. место | chavdar.eu |
Географија
уредиСелото се наоѓа во Златишко-Пирдопската Котлина, во подножјето на Стара Планина, на 71 км од главниот град Софија во непосредна близина на градовите Златица и Пирдоп.
Историја
уредиВо 1968 година, за време на археолошките истражувања, во атарот на селото покрај реката Тополница била ископана населена тумба, што откри дека овде постоел организиран живот уште пред 7.000 години. Изучувањето на чавдарската неолитска култура започнала во мај 1968 година и била завршена во 1980 година под раководство на праисторичарите од Археолошкиот завод и музеј проф. Георги Георгиев и К’нчо К’нчев. Откриена е исклучително вредна сликана керамика, која подоцна им била дадена на специјалисти за истражување.[2]
Според некои историчари, во средниот век на месноста „Ќој Дере“ постоела бугарска населба Марково, за што се пишува во познатото Добрејшово евангелие од 13 век. Првата пишана информација за денешното село датира од 1430 година во османлиски регистар на тимари, зеамети и хаси од Никополскиот санџак. Запишан е под името Коланлар (произлезено од множина на турскиот збор kolan - „коњ“, т.е. место со многу коњи, пасиште за коњи), со 29 даночни обврзници - Јуруци.
Во 1899 година селото било преименувано во Радославово во чест на д-р Васил Радославов, кој тогаш бил лидер на владејачката Либерална партија. По формирањето на комунистичката власт во 1946 година, Радославово е преименувано во Чавдар, кое име го носи до денес.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Община Чавдар - Местоположение и история(бугарски)
Надворешни врски
уредиОваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |