Цуцулеста сипка
Цуцулеста сипка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчарки |
Семејство: | Сипки |
Род: | Гривести сипки |
Вид: | Цуцулеста сипка |
Научен назив | |
Lophophanes cristatus Linnaeus, 1758 |
Цуцулестата сипка (латински: Lophophanes cristatus, порано Parus cristatus), е песнопојна птица од семејството сипки. Птицата е мошне распространета и често живее и се размножува во зимзелени шуми ширум средна и северна Европа, како и листопадни шумски предели во Франција и Пиринејскиот Полуостров. Во Велика Британија, птицата е ограничена само на древните борови шуми во Инвернес и Стратспи во Шкотска, и од таму ретко излегува. Неколку заскитани цуцулести сипки се видени и во Англија. Цуцулестата сипка ја има и во Македонија. Оваа птица живее на постојано место и највеќето единки не одат на преселба.
Оваа сипка е лесно препознатлива по издигнатата цуцулка, нејзиниот подвиткан врв, како и по карактеристичниот црн оглавник и исправена линија кон клунот. Како и другите сипки, цуцулестата сипка е зборлива, со постојан ⓘ „ци, ци, ци“, сличен на појот на еловата сипка.
Оваа птица се гнезди во дупки на гнили пенушки. Честопати се храни долу ниско во дрвјата и, иако не е повлечена, не секогаш може да ѝ се пријде лесно. Зиме се придружува во јата со сипки од други видови.
Како и други сипки, оваа сипка се храни со инсекти, гасеници и семки.
Занимливости
уредиЦуцулестата сипка е еден од симболите на шведската покраина Вестманланд.
Наводи
уреди- ↑ „Parus cristatus“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 мај 2006.
Надворешни врски
уреди- Видеоснимки на цуцулести сипки на Интернет збирката на птици (англиски)
- Песна на цуцулестата сипка
- Старосен и полов развој (PDF) од Хавиер Бласко-Зумета Архивирано на 26 декември 2011 г. (англиски)
Галерија
уреди„Цуцулеста сипка“ на Ризницата ? |