Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Кравари
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во битолското село Кравари, Македонија.[1]
Успение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Краварско-бачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°59′33.1″N 21°22′59.2″E / 40.992528°N 21.383111°E |
Место | Кравари |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1894 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | базилика |
Стил | преродбенички |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во близина на археолошкото наоѓалиште Жеждево,[2] во непосредна близина на државниот пат А3, кој поминува низ селото Кравари.
Околу црквата се наоѓаат селските гробишта, со што таа е гробишен храм.[3]
Историја
уредиИзградена е во 1894 година. Обновена е во 1917 и осветена во 1932 година. Била реконструирана во периодот 1991-2005.[3] Изградбата на храмот, како задужбина, ја финансирале Стево и Стојна од село Градешница кои живееле во САД.
Храмот бил уништен за време на Првата светска војна.[2]
Според кажувањето на старите краварци, пред изградбата на постојниот храм, на истото место имаало мало црквиче со икона на Света Богородица. Во него краварци палеле свеќи и ги изразувале своите верски чувства.
-
Внатрешноста во 1917 г.
-
Внатрешноста во 1917 г.
-
Црквата за време на Првата светска војна (1917 г.)
Архитектура
уредиПретставува голема базилика со отворен ѕидат трем на запад и југ кој има повеќе последователни покриви. На северозапад има помошна градба со куловидна камбанарија на шест ката.
Забележително е тоа што црквата е подигната на тумба во месноста Старо Село, каде има остатоци од населба од неолитот, бакарното и бронзеното време.[4]
Околу црквата се забележуваат стари гробови.[2]
Фрескоживопис
уредиЦрквата поседува фрескоживопис, кој го добила со осветувањето во периодот 1931-1932 година.
Иконостас
уредиВо периодот 1931-1932, храмот добил и иконостас.
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Спореден влез
-
Воздушен поглед
-
Спореден влез
-
Страничен поглед
-
Камбанаријата
-
Базен за верски обреди
-
Бунар
-
Камбанаријата
-
Западната страна
-
Главниот влез
-
Спореден влез
-
Апсидата
-
Влезната порта
-
Макета на црква
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 183. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ 3,0 3,1 „Кравари“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-07-30. Посетено на 30 јули 2018.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 34. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Кравари на Ризницата ?