Црква „Св. Никола“ - Оморани

црква во Оморани, Велешко

Свети Николаправославна манастирска црква во велешкото село Оморани, Општина Чашка. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Парохија Богомилска
Местоположба

Карта

Координати 41°30′16.2″N 21°36′55.1″E / 41.504500°N 21.615306°E / 41.504500; 21.615306 41°30'16.2"N 21°36'55.1"E
Место Оморани
Општина Чашка
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис

Историја

уреди

Нема писмени извори за настанокот на манастирот. Се знае дека бил уништен во османлиско време, а потоа обновен.[1] Георги Трајчев претпоставува дека е основан во 1807 г. но во Слепченскиот поменик, напишан некаде по 1573 г., се споменува јеромонах Мина од Хоморан, што дава повод да се смета дека манастирот е многу постар.[2][3]

Архитектура

уреди

Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и отворен трем на западната страна. Подоцна е целосно обновена, со што е изгубена нејзината споменична вредност. Единствени траги за нејзиниот изворен изглед има во документацијата на Националниот конзерваторски центар, каде се вели дека му припаѓала на поствизантискиот период и имала зачуван живопис во апсидата со претстава на Богородица Ширшаја и друг фрагмент десно од неа.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Храмови низ Богомилската парохија“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 29 ноември 2021.
  2. Трайчевъ, Георги. Манастиритѣ въ Македония. София, Македонска библиотека № 9, 1933. с. 184.
  3. Гергова, Иванка. Поменици от Македония в български сбирки, София, 2006, с. 74.
  4. Николовски, Дарко (2017). „Прилог кон проучувањата на поствизантиската уметност во Општина Чашка, Велешко“ (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. Χ (15): 282.