Црква „Св. Недела“ - Стојаково

црква во селото Стојаково

Света Недела — главна селска црква во богданското село Стојаково, а воедно и парохиска црква на Стојаковската парохија.[1]

Света Недела

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Стојаковска
Местоположба

Карта

Координати 41°09′27.5″N 22°34′35.7″E / 41.157639°N 22.576583°E / 41.157639; 22.576583
Место Стојаково
Општина Богданци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Недела
Изградба околу 1860
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Местоположба

уреди

Црквата е сместена во средишниот дел на селото Стојаково.

Историја

уреди

Црквата е изградена е околу 1860 година, но за време на Првата светска војна била разурната, со исклучок на олтарната апсида. Познато е дека пред разурнувањето, црквата била живописана, што може да се забележи од остатокот на фреска во внатрешноста на олтарната апсида, каде што е насликана Богородица со Христос. Храмот бил обновен и го добил денешниот облик во периодот од 1920 до 1924 година.[2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува двата странични. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столбови во два реда. Влезната врата од црквата е сместена на јужната страна и над неа има мозаик со ликот на Света Недела. Во наосот на средишниот кораб е насликана фреска со претстава на Исус Христос Седржител. Градбата на источната страна завршува со полукружна олтарна апсида, а кон западната и јужната страна е доградена припрата со крстилница и балкон.[2]

Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и две камбанарии. Првата камбанаријата е сместена непосредно од левата страна по влезната порта од дворот на црквата. Таа има квадратна основа и на секоја од четирите страни има по три вертикално поставени монофори. Втората камбанарија се издига над кровот со кој е покриена припратата во западниот дел од црквата. Таа исто така има квадратна основа и на секоја од четирите страни има по неколку вертикално поставени монофори.

Фрескоживопис

уреди

Ѕидовите во наосот не се живописани, но во олтарната апсида, која останала неразурната за време на Првата светска војна, се забележува остаток од стар фрескоживопис, но фреската е оштетена.[2]

Икони и иконостас

уреди

Иконостасот во внатрешноста на црквата е изработен во 1934 година од зограф од мијачка дружина со потекло од Галичник. Меѓу иконите во црквата има и такви кои се од XVIII и XIX век.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Цркви во Стојачката парохија“. Повардарска епархија.