Црква „Св. Константин и Елена“ - Солун
Свети Константин и Елена (грчки: Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Константин и Елена | |
---|---|
Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης | |
Поглед на црквата | |
40°37′45″N 22°57′2″E / 40.62917°N 22.95056°E | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Изградба | 1974 – 1984 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Храмот се наоѓа во населбата Хиподром на истоимениот плоштад. Отворена е на 23 септември 1984 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски. Градбата претставува крстокуполен храм.[2]
На местото на црквата имало два претходни храма. Од ракопис во светогорскиот манастир Дионисијат е јасно дека во XVI век тука имало црква; Свети Кирил е маченички убиен пред храмот на Свети Константин во 1566 г. Веројатно е дека црквата работела од крајот на XV век. Храмот е споменат од отецот Жан-Батист Сусје кој живеел во Солун во 1726 – 1733 г. Црквата тогаш се нарекувала само „Св. Константин“ и била парохиски храм. Важен извор е Заедничката кондика на грчката солунска општина во архивите на Солунската митрополија, каде се заведени храмовите и нивниот имот. Таму пишува дека црквата е обновена во 1818 и во 1908 г., и дека храмот отсекогаш бил парохиски. Црквата, обновена во 1818 г. со општински средства, е вториот по ред храм и била типична базилика со карактеристичка камбанарија.[2] Храмот има два параклиса.[3]
Црквата е срушена во 1972 г., а во август 1974 г. во околината се направени ископувања кои дале многу важни откритија. Во подземјето на храмот се откриени ранохристијански гробови, како и една глинена урна со остатоци од пепел и коски. Се смета дека тоа се моштите на новомаченикот Кирил Солунски, изгорен на клада до црквата на 6 јули 1566 г. Потоа започнала изградбата на денешниот храм, која траела 10 години.[3][4]
Внатре се чуваат вредни икони, вклучувајќи ја чудотворната икона на Свети Стилијан.[5] Грците кои се населиле во Солун од Мала Азија ја донеле иконата Богородица Надеж за сите.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Άγιοι Κωνσταντίνος & Ελένη“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-21. Посетено на 21 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 72.
- ↑ 3,0 3,1 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 73.
- ↑ „Άγιος Κύριλλος ο οσιομάρτυρας από τη θεσσαλονίκη“. Ορθόδοξος Συναξαριστής. Посетено на 30 март 2018.
- ↑ Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 75.
- ↑ „Παναγίες της Μικράς Ασίας και της Θράκης“. Ένωση Μικρασιατών Φοιτητών. 16 јули 2014. Посетено на 30 март 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Константин и Елена“ - Солун на Ризницата ?