Црква „Св. Илија“ - Стенче
Свети Илија — главната селска црква во тетовското село Стенче. Изградена била во 1867 година[1]. Во црквата се наоѓаат 4 оригинални икони на Дичо Зограф („Исус Христос Вседржател“, „ Богородица Одигитрија“, „Св. Јован Претеча“ и „Вознесение на св. Илија“) насликани во 1866 година.[2] Иконите во 2001 година биле дадени на конзервирање во Заводот за заштита на споменици на културата, но кога иконите биле вратени, селаните го обвиниле тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Војо Михајловски за кражба на истите, кои наводно биле заменети со копии[3]. После овој настан вратени се уште други 4 икони („Св. Петар и Павле“, „Св. маченици Меркурие и Екатерина“, „Три ерарха (св. Григориј Богослов, св. Јован Златоуст и св. Василиј Велики“) и „Св. Петка и Св. Недела“, но биле дело на Аврам, синот на Дичо Зограф. Црквата била и цел на кражби.[4]
![]() ![]() Св. Илија
| |
![]() Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Милетинска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Стенче |
Општина | Брвеница |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1867 |
Архитектонски опис |
Наводи
уреди- ↑ Петковска, Наташа (16 мај 2007). „Празникот Свети Атанасиј -летен, вчера традиционално беше про-славен во Стенче“. КИСС ТВ. Посетено на 2010-04-30.[мртва врска]
- ↑ ГРОЗДАНОВ, Цветан; Дичо Зограф и неговите ученици во црквата Свети Илија во Стенче, Гостиварско / Цветан Грозданов.
- ↑ „Ни ги одзедоа иконите на Дичо Зограф, а ни вратија "реставриран" кич“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2010-05-01.
- ↑ „Оштетени и ограбени две цркви во Тетовско“. Утрински Весник. 10 март 2009. Посетено на 2010-05-01.[мртва врска]
„Црква „Св. Илија“ - Стенче“ на Ризницата ? |
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |