Црква „Св. Димитриј“ - Буково
„Свети Димитриј“ – православна црква во битолското село Буково, Битолско. Административно, црквата е дел од Буковската парохија, на Битолското архијерејско намесништво, на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.[1][2]
„Свети Димитриј“
| |
Црквата „Св. Димитриј“ во Буково | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Буковска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Буково |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитар |
Изградба | XIX век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Црквата е централниот храм на селото. Градбата претставува трикорабна базилика, архитектонски тип популарен по 1830-тите години. На источната страна има тристрана апсида, а на запад се издига црковната камбанарија. По должината на јужната фасада има припрата со помошни простории. Внатрешноста на градбата е поделена со два реда од по четири столбови, кои во горниот дел се лачно поврзани. На запад со ниска преграда издвоен е наосот од нартексот. Занимливост за оваа црква е што има катна галерија само над јужниот кораб на црквата, што е реткост.[2]
Ѕидно сликарство постои во полукружните конхи од централната апсида и во протезисот. Според стилските одлики ѕидното сликарство соодвествува со еден дел од иконите на иконостасот кои се датирани кон крајот на 19 век. Иконостасот во црквата е конструиран со два реда на икони и според испишаните натписи врз нив, тие се изработени во текот на 1895, 1896 и 1907 година. Од истиот зограф најверојатно се насликани и иконите на амвонот, на еден од северните столбови од наосот.[2]
Во црквата зачувани се украси од постара црква, мала колекција на икони и царски двери од четвртото десетлетие на 17 век. На царските двери има старословенски натпис „Благовѣщенїі Богородице“.[1] Царските двери веројатно се од стар иконостас од соседниот Буковски манастир или некоја постара црква во селото.[3] Меѓу иконите од 17 век има две престолни. На едната, на Свети Меркуриј, има словенски натпис ЗРМД (1635/1636). Другата е на Свети Архангел Михаил која иконографски и стилски е слична со иконата од Слепченски манастирСлепченскиот манастир, која денес се наоѓа во Музејот на Македонија во Скопје.[3] Иконите од XVII век и царските двери веројатно се дело на мајстори од Линотопската уметничка школа.[4]
Галерија
уреди-
Детаљ од царските двери, околу 1635 година
-
Икона на Архангел Михаил, II половина на XVII век
-
Царските двери во црквата, околу 1635 година.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 159.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манстирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 41. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-08-09.
- ↑ 3,0 3,1 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 160.
- ↑ Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 163–164.