Црква „Св. Атанасиј“ - Беранци
Свети Атанасиј — црква во селото Беранци.[1] Црквата се наоѓа во југозападниот дел од селото, на височина која ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото, од десната страна на патот кој води до Беранечкиот манастир.
![]() ![]() Свети Атанасиј
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Беранечка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°09′26.5″N 21°21′23.1″E / 41.157361°N 21.356417°E |
Место | Беранци |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Изградба | 1849 |
Завршено | 1868 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1868 година, но била целосно разрушена во Првата светска војна, по што била обновена во 1924 година и најпосле во 1988 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а над него има ниша со фреска во застаклена рамка на која е прикажан Атанасиј Александриски. Споредниот влез се наоѓа на јужната страна и над него има празна ниша. На јужната страна има и два квадратни прозорци кои се распоредени во иста висина, по еден од обете страни на споредниот влез. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда, а во него се сместени камбанаријата, селските гробишта, споменик и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и во нејзиниот горен дел има по една монофора на секоја страна. Покриена е со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
уреди-
Јужната страна
-
Јужната и источната страна
-
Западната страна
-
Главниот влез
-
Споредниот влез
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Споменикот
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 10. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Беранци Архивирано на 29 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Беранци на Ризницата ?