Црква „Св. Ѓорѓи“ - Подгорјани
Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Подгорјани, Правишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Правишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
![]() | |
40°50′3″N 24°1′20″E / 40.83417°N 24.02222°E | |
Место | Подгорјани, Правишко |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1847 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Орфанско |
Епархија | Правишка |
Опис
уредиОваа камена црква е изградена во 1847 г., што се гледа од натписот на јужниот надворешен ѕид до страничниот влез на храмот. Архитектонски таа е трикорабна базилика. Од северниот дел е вкопана 1,6 м, од запад 1,2 м, од исток 1 м и од југ 0,35 м. Оградена е со камен ѕид. Внатрешната висина на храмот (во средишната купола) изнесува 10 м, а површината му е 400 м2. Покривот е со закосувања од исток и запад. На западниот ѕид подоцна е додадена припрата од тули. Над западниот дел има женска црква, преправана во 1950-тите.[1]
Внатре има вреден резбан иконостас, кој заедно со резбаниот амвон е изработен во 1930-тите — периодот на економски расцут на селото поради високото производство на ориентални тутуни. Северниот кораб е посветен на св. Атанасиј, а јужниот на св. Илија. Корабите са одделени со колонада. Иконите на иконостасот се дело на Галачишката школа.[1]
На западниот ѕид во 1882 г. (напишана во средината на северната фасада) е изградена камена камбанарија висока 14 м и со основа од 3,50 × 3,50 м.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ποδογόριανη ή Ποδοχώριον. Посетено на 27 декември 2015.
- ↑ „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου - Ποδοχωρίου“. Ιερατικοί Στοχασμοί. Посетено на 14 септември 2016.