Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Тепавци
црква во Тепавци, Битолско
Рождество на Пресвета Богородица (или Св. Богородица) — црква во битолското село Тепавци, Општина Новаци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Рождество на Пресвета Богородица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Новачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°59′34.7″N 21°33′34.6″E / 40.992972°N 21.559611°E |
Место | Тепавци |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Изградба | XIX век |
Архитектонски опис | |
Стил | преродбенички |
Црквата е гробишен храм, сместен во јужниот дел на селото. Изградена е „тогаш кога е правена црквата „Св. Недела“ во Битола“,[1] што значи околу 1863 година. Живописана на крајот на XIX век од непознат зограф.[2]
Меѓу фреските се и светите браќа Кирил и Методиј кои живописецот ги именува како „бугарски просветители“ под влијание на тогашната бугарска пропаганда во Македонија.
Слики
уреди-
Фреска на Св. Кирил и Методиј во црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Трифуноски, Јован Ф (1998). Битољско-прилепска котлина. Антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. стр. 112. ISBN 86-7025-267-8.
- ↑ Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 298–299.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Тепавци на Ризницата ?