Црква „Вознесение Христово“ - Градешница
Вознесение Христово – црква во селото Градешница.
Вознесение Христово
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Старавинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°04′56.9″N 21°46′15.8″E / 41.082472°N 21.771056°E |
Место | Градешница |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на неколку стотина метри источно од селото во близина на месноста Темнички Вир.[1]
Историја
уредиБранислав Ристески од Институтот за старословенска култура во Прилеп во склоп на опсежни археолошки истражувања во периодот од 1990 до 1998 година открил дека на местото на коешто се наоѓаат денешните цркви „Св. Антониј“, „Св. Ѓорѓи“ и „Вознесение Христово“ од средината на II до крајот на III век постоел комплекс на римски вили.[2] Местото на коешто се наоѓа црквата „Вознесение Христово“ имала производен карактер, а во вдлабените делови од карпите кои се јасно видливи и денес се произведувало вино.[3]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е со правоаголна основа без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна и во црквата се влегува преку дрвена врата. Над влезот има празна ниша. Внатрешноста на црквата не е зографисана и во неа се сместени бројни икони.
Во дворот на црквата се се сместени два помошни објекти, од кои едниот е изграден од дрво, а другиот од бетонски тули.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Дрвената влезна врата
-
Внатрешноста
-
Дрвениот помошен објект
-
Бетонскиот помошен објект
-
Дворот на црквата
Поврзано
уреди- Бренски манастир
- Црква „Св. Илија“ - Градешница
- Црква „Св. Димитриј“ - Градешница
- Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница
- Црква „Св. Никола“ - Градешница
- Црква „Св. Антониј“ - Градешница
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница
- Градешница
- Преспанско-пелагониска епархија
- Битолско архијерејско намесништво
- Старавинска парохија
Наводи
уреди- ↑ „Темнички вир, село Градешница“. Rural Adventure.
- ↑ „Св. Ѓорѓи, с. Градешница (Church St. Gjorgi, v. Gradesnica) Архивирано на 18 октомври 2021 г.“. Итар Пејо.
- ↑ „Градешница Архивирано на 5 октомври 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Вознесение Христово“ - Градешница на Ризницата ?