Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Буринец
Воведение на Пресвета Богородица — црква во селото Буринец.[1] Сместена е во крајниот јужен дел од селото.
Воведение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Втора струшка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°23′38.7″N 20°37′05.6″E / 41.394083°N 20.618222°E |
Место | Буринец |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | XIX век |
Зограф | Никола Аврамов Константин Николов |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во XIX век. Во февруари 2011 година, црквата била ограбена и од неа биле изнесени икони.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. На јужната страна е доградена припрата која е во целост затворена. Главната влезна врата на црквата е сместена од западната страна, а до внатрешноста на црквата води и споредна врата преку припратата од јужната страна. Над споредната врата има ниша со фреска на која е насликана Богородица Марија со Исус Христос. На ѕидовите од црквата и припратата има повеќе прозорци. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди, додека припратата е варосана во бела боја и е покриена со лимен кров. Со лимен кров е покриена и апсидата.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него е сместена камбанаријата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои првиот е изграден од камен, а вториот од лим и содржи по два отвори на секоја страна. Камбанаријата е покриена со кров од ќерамиди.
Иконостас
уредиИконостасот во црквата е дело на Никола Аврамов и Константин Николов, кои биле ученици на Аврам Дичов.[3]
Галерија
уреди-
Црквата со камбанаријата
-
Предната страна од црквата
-
Задната страна со апсидата
-
Споредниот влез на црквата
-
Камбанаријата на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 40. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Ограбени цркви[мртва врска]“. Вечер. 28 февруари 2011.
- ↑ Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век. Македонска православна црква. 6 октомври 2010.
Надворешни врски
уреди- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Буринец на Ризницата ?