Цорге (река)
река во Германија
За други значења на поимот, погл. Цорге.
Цорге (германски: Zorge) — притока на реката Хелме во средишна Германија. Долга е околу 40 километри и тече од покраината Долна Саксонија во Тирингија. Во многу извори, името Цорге се преведува како „дива река“.
Цорге во Нордхаузен | |
Место | Долна Саксонија и Тирингија, Германија |
---|---|
Потекло | Соединување на Волфсбах и Шпракелбах во селото Цорге 51°22′53″N 10°22′55″E / 51.3814°N 10.382°E |
Висина на изворот | околу 352 м над м.н. |
Утока | Кај Херинген во Хелме |
Висина на утоката | 158,8 м над м.н. |
Спуст | ~ 193,2 м |
Слив | Елба |
Одлив | Хелме → Унштрут → Зале → Елба → Северно Море |
Истек со Нордхаузен мерило[1] |
Рекордно низок: 50 л/с (во 20.10.1966) Просечен низок: 350 л/с Просечен среден: 3,56 м³/с Просечен висок: 41,1 м³/с Рекордно висок: 95,1 м³/с (во 04.03.1956) |
Вливот на Шпракелбах (лево) и Волфсбах (десно) при создавањето на Цорге |
Тек
уредиРеката настанува во истоименото село на планините Харц при вливот на потоците Волфсбах и Шпракелбах[2] кои се соединуваат во горниот дел на селото на околу 350 метри. Потоа тече кон југ низ Цорге и Елрих до Нордхаузен. Цорге се влева во Хелме североисточно од Херинген.
Изворите на Цорге, како и многу други потоци, потекнуваат од најдождливите региони на Харц. Количината на вода која ја носи Хелме се една од причините за изградба на вештачкото езеро Келбра на Хелме.
Притоки
уреди- Извори
- Волфсбах (лев извор)
- Шпракелсбах (десен извор)
- Притоки
- Штајгервасер (десна)
- Елсбах (лева)
- Деренбах (десна)
- Илигесбах (десна)
- Розенбах (лева)
- Зилце (лева)
- Вида (десна)
- Бере (лева)
- Капелбах (лева)
- Орбах (лева)
- Гумпебах (лева)
- Росмансбах (лева)
- Лајмбах (лева)
- Крумбах (лева)
Наводи
уреди- ↑ Pegel: Nordhausen Auf: hnz.tlug-jena.de
- ↑ Die Zorge at www.harzlife.de. 5 декември 2010.