Цоки Стојановски
Цоки Стојаноски (Тетово, 9 јануари 1973 – Брвеница, Тетовско, 31 август 2001) бил македонски бранител, полицаец на СВР Тетово и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува во заседа кога врз службеното возило во кое се наоѓал тој, терористите отвориле оган од пушкомитралези и минофрлачи. Тој починал на самото место од тешките прострелни рани во градите.[1]
Цоки Стојаноски | |
---|---|
09.01.1973 – † 31.07.2001 (28 г.) | |
Роден во: | Тетово, СР Македонија |
Починал во: | Брвеница, Тетовско |
Починал на: | 31 август 2001 |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Полицаец на МВР |
Единици: | СВР Тетово |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001 |
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и смрт
уредиНа полноќ на 31 јули 2001 година, во пресрет на големиот Илинден, Цоки беше на работното место на патот Тетово - Брвеница. Непријателскиот истрел од во темнината непознат и невидлиц правец го усмрти на 28 годишна возраст. Остави во тага семејство со две деца на чие детство неизмерно се радуваше и им го посветуваше секој слободен миг од својот динамичен живот.
Колегите од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово својот колега ќе го паметат по безстрашноста и високата професионалност и нескриениот патриотизам. Цоки зад себе остави сопруга со две деца. Цоки Стојановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Полицаецот Цоки Стојаноски погребан под силно полициско обезбедување“. Вест. 6 август 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-08-30.
- ↑ „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-30.