Цироза
Цироза е болест на црниот дроб која се јавува како последица од оштетување на клетките во црниот дроб (хепатоцити). Вообичаено се јавува кај лица кои подолго време конзумираат алкохол во големи количини а црниот дроб не е способен да се ослободи брзо од тие штетни материи, и како последица на тоа се јавува оштетување на клетките кое води до цироза.[1][2][3]
Цироза | |
---|---|
Цироза, заболување на црниот дроб | |
Специјалност | Гастроентерологија, hepatology |
Етиологија
уредиЦрнодробната цироза е болест која е последица на широк спектар на хронични прогресивни болести на црниот дроб. Најчести причини за цироза се[4][5]:
- алкохолот
- хепатотропни вируси (ХАБ, ХАЦ, бруцелоза и др.)
- генетски нарушувања
- автоимуни нарушувања
- лекови
- срцева декомпензација
- долготрајна холестаза
Клиничка слика
уредиКлиничката слика на црнодробната цироза има исти симптоми независно од етиолошкиот фактор. Болеста поминува низ два стадиума: компензиран и декомпензиран стадиум.
- Компензиран стадиум
- Компензираниот стадиум се манифестира со умор, омалаксаност, намален апетит. Се јавува и субиктерус, тапа болка, болка под десен ребрен лак поради хепатомегалија. Овој стадиум најчесто се открива со хистолошки преглед на материјал земен со биопсија на хепар.
- Декомпензиран стадиум
- Декомпензираниот стадиум освен што ги содржи опишаните симптоми доаѓа и до влошување на општата состојба. Главни клинички критериуми за постоење на декомпензирана цироза се следниве цвнодробни компликации:
-
- Покрај овие главни симптоми кај овај вид цироза се јавуваат и:
- знаци на промена на коагулацијата на крвта
- ендокрини промени
- знаци на кожни промени
- палмарен еритем
- знаци на хипертермија со септикемија
- фактор хепатикус-се манифестира со непријатен мирис на мрша или изгорена земја
-
Дијагноза
уреди- клиничка слика
- лабораториски испитувања
- имаме ниски белковини во серум, намалување на албумините, а зголемување на гама глобулините, зголемени вредности на билирубин, ниска коагулација, анемија, зголемени некои ензими во серумот, LDH и др.
- ултразвучен преглед
- компјутерска томографија
- ендоскопија
- црнодробна биопсија со хистолошки преглед
Овие испитувања најчесто се користаат при поставување на дијагнозата.
Лекување
уредиЛекувањето зависи од стадиумот на болеста и кои клинички знаци се присутни во моментот. Така што во компензираната фаза се применува:
- хигиено-диететски режим на исхрана
- Се препорачува одмор и исхрана богата со белковини и шеќери, а сиромашна со масти.
- лекови кои влијаат врз регенерацијата на хепатоцитите
Во декомпензираната фаза болниот задолжително треба да се хоспитализира. Ако болниот е со асцит се препорачува мирување и несолена диета.
Наводи
уреди- ↑ „Cirrhosis“. nhs.uk. 29 June 2020. Архивирано од изворникот 5 October 2017. Посетено на 16 July 2024.
- ↑ Tsochatzis EA, Bosch J, Burroughs AK (2014). „Liver cirrhosis“. The Lancet. 383 (9930): 1749–1761. doi:10.1016/S0140-6736(14)60121-5. PMID 24480518.
- ↑ Sharma B, John S (31 October 2022). „Hepatic Cirrhosis“. StatPearls [Internet]. Treasure Island, Florida: StatPearls Publishing. PMID 29494026. Bookshelf ID NBK482419. Посетено на 16 July 2024 – преку National Library of Medicine.
- ↑ Samji NS, Buggs AM, Roy PK (2021-10-17). Anand BS (уред.). „Viral Hepatitis: Background, Pathophysiology, Etiology“. Medscape. WebMD LLC.
- ↑ Perz JF, Armstrong GL, Farrington LA, Hutin YJ, Bell BP (October 2006). „The contributions of hepatitis B virus and hepatitis C virus infections to cirrhosis and primary liver cancer worldwide“. Journal of Hepatology. 45 (4): 529–538. doi:10.1016/j.jhep.2006.05.013. PMID 16879891.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |